Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Аргентина го разби Бразил и покажа зошто е светски шампион

Фудбалската репрезентација на Аргентина го растури најголемиот ривал Бразил со 4:1 во натпревар од јужно-американските квалификации за Светско првенство.

Драма со несреќен крај за Македонија, Велс се спаси од пораз во 96-та минута

Македонската фудбалска репрезентација за влакно не освои големи три бода против островјаните кои дојдоа како фаворити и кои се 29-ти на рангот на ФИФА.

Цел стадион ракоплескаше во 59-та минута за 59-те жртви во Кочани

Емотивен момент се случи на вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Велс. Во 59-та минута цела публика стана да аплаудира за трагично загинатите во дискотеката во Кочани. На нозе беа и легендите Горан Пандев и Илија Најдоски, како и првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

20.000 грла ја згрмија македонската химна

Јужна и Северна трибина крцаат на Градски, македонски навивачи има и на Запад, а Велшаните во бројка од околу 2.000 се сместени на Исток. Ежење беше да се слуша химната на Македонија во живо.

Ечат ДНК и Бисер балкански на Градски

Загревањето на фудбалерите на Македонија пред мечот со Велс почна со дополнителна мотивација. Се слуша хит на Андреј и Панчо од ДНК, а потоа грмна и неофицијалната химна Бисер балкански.

Нов тешко достижен рекорд на Кристијано Роналдо

Како што тој, заедно со Меси, држат форма и воодушевуваат на „стари“ години, така редат и рекорди кои тешко може некој да ги надмине. Најновиот е будалаштина на „Трол фудбал“.

Кога селекторот на Велс го заборавил пасошот и пропуштил авион за меч со Македонија

Фудбалскиот пат на многу тренери и играчи е исполнет со секакви настани од кои некои се вредни и да се запаметат, па да се прераскажуваат како анегдоти. Крис Колман, некогашниот велшки селектор има една таква. Поврзана му е со Македонија

Утринските рутини на Диего Марадона

Легендарниот Аргентинец кога сакал, тренирал најмногу од сите, трчал најмногу од сите, станувал рано, легнувал рано. Ама само кога тој сакал. Имал интересни сабајлечки рутини.

Горан Иванишевиќ за тоа кој е најкомплетен тенисер на сите времиња

Легендарниот тенисер, а подоцна и врвен тениски тренер, Горан Иванишевиќ, во разговор во емисијата „(Не)успех на првакот“ го кажа и своето мислење за тоа кој е најдобриот тенисер во историјата според него.

Миовски против Велс ќе игра со специјални копачки

Македонскиот напаѓач вечерва на Градски ќе настапи со копачки во боите на Македонија и иницијалите на неговото семејство, а во чест на семејствата од црниот ден во Кочани.

На која трагедија во Велс потсети селекторот Крег Белами на прес-конференција?

Легендарниот некогашен фудбалер на Ливерпул, Њукасл и Манчестер Сити, изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани и потсети на нивни трагедии во Велс.

Македонија еднаш го победи Велс, пред 12 години

Велшаните кои вечерва (20:45) ќе гостуваат во Скопје, на дуел од рамки на квалификациите за Светско првенство 2026, еднаш веќе беа на „Градски“.

Еволуцијата на Јохан Кројф во 90 секунди

Холандскиот великан, Јохан Кројф (1947 - 2016), кој остави богато наследство во Ајакс и Барселона и општо во фудбалот и како играч и како тренер, некој седнал и многу умешно го сработил со денешните најнови технологии и вештачки интелигенции.

Виетнамски коментатор на денот

Натпреварот е Аргентина - Уругвај. Ништо понатаму не ни е јасно.

Пасија за фудбал изразена на поинаков начин

Фанатик за фудбал успеал да собере дресови од сите европски репрезентации и да состави мозаик од стариот континент. Прекрасно изведено.

Рис Џејмс во стилот на Бекам

Англија ја совлада Летонија со 3:0 и ја оправда фаворитската улога во првото коло од К групата во Лига на нации. Резултатот го отвори бекот на Челси, Рис Џејмс со прекрасен слободен удар.

Детето кое собираше топки, наградено за голот на Германија со неколку подароци

За време на лудиот натпревар меѓу Германија и Италија во Дортмунд кој заврши 3:3 откако Германците водеа со 3:0, домаќините постигнаа и многу несекојдневен погодок со акција од корнер во која им помогна едно дете кое собира топки.

Марко Арнаутовиќ им пушти водичка на навивачите на Ѕвезда

Мечот од Лига на нации меѓу Србија и Австрија, српските новинари го искористија за да го чепнат Арнаутовиќ за Црвена Ѕвезда. Австрискиот напаѓач и член на Интер, кој по татко е Србин, не крие дека навива за нив и им дава некаква надеж за трансфер во Белград.

Кварежма уште го има надворешниот фелш

Четириесет и едно годишниот поранешен фудбалер на Спортинг, Барселона, Порто, Интер, Бешикташ и други клубови, на мал фудбал покажал дека и натаму е царот на потегот тривела.

Џо Роган за лудата атмосфера на кошарка во Србија

На водителот на еден од најпознатите подкасти на светот, Американецот Џо Роган (57) му пуштиле дел од неверојатниот амбиент кој во Белград го прават српските навивачи кога играат Црвена звезда и Партизан во Евролига. Се воодушевува.

Шмерескиот гол на Ламин Јамал

Бисерот на Барселона од натпревар во натпревар покажува дека е најблизок фудбалер до Меси што се појавил во скоро време. Јамал им помогна на навивачите на Барса да се утешат што Лионел замина, а младиот Ламин беше еден од најзаслужните за европската титула на Шпанија (освои Европско со само 17 години). Синоќа во четвртфинале на Лига на Нации против Холандија беше стрелец на еден гол.

Неделните плати на најплатените 10 фудбалери во Европа

За Халанд и Мбапе очекувано, ама Левандовски на 36 години да ги зема тие пари? Инаку излегува дека кај најплатените 10 во Европа, неделно легнуваат на сметка вклупно 4,1 милион евра. Многу.

Шкупи по стапките на Тиквеш, дресот со број 77 оди во историјата

ФК Шкупи одлучи да го повлече дресот на Андреј Лазаров, а во меѓувреме ја потврди информацијата за неговиот договор.

Пеналите од Франција - Хрватска и Шпанија - Холандија

Луда четвртфинална ноќ во Лига на нации. 4 меча - 21 гол. Германија - Италија 3:3, Шпанија - Холандија 3:3, Португалија - Данска 5:2 и Франција - Хрватска 2:0. Само првиот од четирите дуели се реши во 90 минути игра. Португалците победија во продолженија, а Франција и Шпанија на пенали. Бујрум.