Хет-трик од асистенции на Лионел Меси

Интер Мајами синоќа со 4-1 го совладал тимот на Њу Ингланд. Два гола дал Тадео Аљенде, два дал некогашниот лев бек на Барселона Жорди Алба а дури три асистенции имал големиот Лео Меси. Сезонава во МЛС лигата во САД Меси има 24 гола и 14 асистенции на 26 средби.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

На овој натпревар проштален говор имал Серхио Бускетц кој добил и пригодни награди од клубот Интер Мајами. Тој на крајот од септември најави дека става крај на кариерата по крајот на сезоната во МЛС лигата.

6 октомври 2025 - 10:58