Мурињо го гаѓаа со сè и сешто во Порто каде до скоро беше легенда

Од љубов до омраза толку малку треба, пееше легендарниот Џеј. Низ такво нешто проаѓаат навивачите на Порто со Мурињо. На 13-ти септември пред неполн месец дена, Жозе Мурињо нивниот легендарен тренер кој им донесе Куп на УЕФА и пехар во Лига на шампиони, им беше гостин на „Драгао“. На големи видео бимови одеа најинтересните моменти од неговата тренерска кариера во Порто.

Аплаузи и овации тогаш за Жозе. 

Само неколку дена подоцна, Мурињо ја шокираше португалската јавност откако ја прифатил понудата на претседателот на Бенфика Руи Коста, да се врати во татковината и да ги преземе црвено-белите.

И му се погоди еден од првите натпревари да му биде со Челси на гости на „Стемфорд Бриџ“ каде Жозе остави траен белег и освои еден куп вредни трофеи. Таму го пречекаа сите, од кафекуварка, преку секретари до редари и поранешни соиграчи. Навивачите го поздравија со скандирања и аплаузи.

Ама дојде ред да се врати и на „Драгао“, гнездото на Порто. Таму навивачите сега не беа нималку приемчиви. Веднаш при неговиот влез на терен го исвирка секој присутен на стадионот а за време на дербито Порто - Бенфика постојано го гаѓале со разни предмети од трибините. 

 

Навивачи на Бенфика пак се тепале меѓу себе во гостинскиот сектор:

6 октомври 2025 - 12:41