Реал го скроти Виљареал, два гола на Винисиус еден на Мбапе
По тешкиот историски пораз од Атлетико Мадрид (5:2) во градското дерби, Реал Мадрид се издигна и најпрво славеше на далечното гостување кај Каират Алмати во Казахстан во Лига на шампиони (0:5), а синоќа и на „Сантијаго Бернабеу“ 3:1 против сериозниот Виљареал.
Стрелци: Винисиус Жуниор на два пати и Килијан Мбапе. Почесен гол за гостите даде Сантијаго Мурињо. Реал Мадрид сега е лидер со 21 бод а Барса има 19 и натпревар помалку. Виљареал е трет со 16 освоени бода.