Мотивациски говор после кој Севиља ја разби Барселона

После неколку слаби натпревари, Севиља реши да го отпушти тренерот Хоакин Капарош кој беше дури седми отпуштен тренер во последните три сезони. Андалузијците никако не можат да го најдат рецептот за успеси кој го имаа во минатото. Сега се надеваат дека 51-годишниот Матијас Алмеида ќе ги крене. Тој со мотивациски говор во соблекувалната ги мотивирал играчите да ја разбијат на крајот Барселона со 4-1!

„Има податок кој вели дека десет години овде не е победен овој тим (Барселона). Па не може да имате поголема мотивација од тоа да ја прекинеш таа низа. Да искористиме за да си отвориме пат. Ова не е финале, не е решавачки натпревар, туку е гордост. А кога играш со гордост, играш со ова (удирајќи се во гради мислејќи на срце), а кога играш со срце играш и со ова (покажувајќи на мадињата). Кога играш со тоа нема појак. Биди сигурен во тоа што сакаш да го направиш. Оди и победи!“

Барселона попарена во Севиља

7 октомври 2025 - 08:49