Барселона попарена во Севиља

Фудбалерите на актуелниот шпански шампион Барселона претрпеа тежок пораз на гостување во Андалузија. Севиља после ги декласираше со 4-1 (2-1). Победа на домаќинот им ја донесоа Алексис Санчез во 13-та минута, Исак Ромеро во 36-та, Хозе Анхел Кармона во 90-та и Акор Адамс во 90+5' минута од судиското продолжение. Гол за Барса даде Маркус Рашфорд на истекот на првиот дел.

Ова е најголемиот триумф на Севиља над Барселона уште од април 1951-ва година кога ги совладале 4-0 под водство на тогашниот тренер Кампанал. 

 

6 октомври 2025 - 09:01