Мајсторијата на Џенова против Наполи

Со голот на Расмус Хојлунд во 75-та минута Наполи на многу тежок начин ја совлада Џенова со 2-1 и остана лидер на табелата. Откако е дојден во Наполи Данецот постигна 5 гола и уште еднаш докажа дека неговите слаби игри во Манчестер Јунајтед биле рефлексија на лошата атмосфера во англискиот клуб. Во Неапол игра како препорден. А Џенова која прва поведе во 33-та минута со голот на Џеф Ехатор покажа неверојатна воиграна акција. Израмни Ангуиса со гол во 57' минута.

 

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас не доби шанса и целиот натпревар го преседе на клупата за резерви.  

6 октомври 2025 - 09:48