Американизација на европскиот фудбал: Барселона - Виљареал ќе се игра во САД

Шпанска Ла Лига и италијанска Серија А после долги години убедувања и преговори, успеаа од УЕФА да добијат дозволи некои нивни натпревари да се играат во САД и Австралија.

Ла Лига потврди дека натпреварот од 17. коло меѓу Барселона и Виљареал ќе се игра во САД, на стадионот „Хард Рок“ на Флорида. Според планот овој натпревар е планиран за 20-ти декември но уште останува да се прилагоди на календарите на двата тима.

Во меѓувреме и Серија А потврди дека Милан - Комо во рамки на нивната лига ќе играат во Австралија.

На стадионот „Хард Рок“ се игра американски фудбал, фудбал, бејзбол и лакрос. Овој стадион шест пати бил домаќин на познатиот Супербол а редовно е домаќин и на големи концерти.

Во 2016-та година стадионот го продаде брендингот на Hard Rock Cafe за 250 милиони долари за 18 години. На Копа Америка во 2004 таму се играа три натпревари меѓу кои и скандалозното финале Чиле - Аргентина.

На Светското 2026 ќе има седум натпревари меѓу кои и едно четвртфинале и меч за трето место.

Голем дел од фудбалерите се противат на оваа идеја, пред се поради напорниот и долг пат, сместување и се што една ваква екскрузија подразбира, а и плус поради тоа што навивачите на домашниот тим ќе бидат ускратени за присуство на натпревар на својот дуел. Од оваа причина клубовите им даваат попусти за пакет аранжмани на нивните сезонци.

Атлетик пишува дека за 21-ви декември за на стадионот „Хард Рок“ е закажан НФЛ дуел меѓу Мајами и Синсинати. Поради ова би можел да се одложи дуелот Барселона - Виљареал за понатаму но првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас настојува да тера по свое.

ШТО ВЕЛАТ БАРСЕЛОНА И ЛАПОРТА?

Барса која долги години мака мачи со финансии гледа во една ваква идеја добра прилика за заработка.

„Ова е резултат на повеќе годишен дијалог и координација на заинтересираните страни. Лигата го поддржа прашањето за учесници. Целта е да се зголеми растот на меѓународно ниво, да се рашири базата навивачи и да се зацврсти позицијата на Ла Лига како една од водечките светски лиги при тоа да се сочува целото натпреварување.

Милиони следбеници на Ла Лига кои живеат во САД, ќе имаат можност да гледаат официјален натпрвар, при тоа корените на турнирот ќе си продолжат да си бидат во Шпанија. Ова достигнување продолжува да ја шири Ла Лига како носител и пример и ќе го поддржува растот на популарноста на фудбалот во регионот“, стои во соопштението на Барселона.

Потоа претседателот на Барса Жоан Лапорта рекол дека со нетрпение очекуваат нови средби со навивачите во САД и дека се благодарни на шансата да бидат поблиску до еден од клучните стратешки пазари на клубот.

„Ние многу години ги посетуваме САД и секогаш ја чувствуваме страста со која таму ја бодрат Барселона. Официјален натпревар во Мајами каде има огромна база навивачи на Барса ќе биде величествен спектакл со учество на две екипи кои играат на највисоко ниво“, рекол Лапорта.

ОД КАДЕ ОВАА ИДЕЈА?

Ова е лична идеја на Хавиер Тебас, контроверзниот прв човек на Лига, уште од 2018-та година кога изрази желба во САД да го организира дуелот Барса - Жирона но тогаш се вмеша професионалниот сојуз на играчи меѓу чии членови беа Жерар Пике и Серџи Бускетс и не сакаа да слушнат за таква идеја.

Првиот човек на Виљареал Фернандо Роиг исто не ја криел радоста за овој дуел. „Жолтата подморница“ уште од 2010-та година има стратегија за активно ширење сирум светот па имаат свои канцеларии и академии по цел свет.

Ла Лига претходно ја одбиле Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

Навивачите на Виљареал се строго против иако Хавиер Тебас го тврди спротивното. Тие велат дека дури и размислуваат за бојкот на други домашни натпревари ако оваа идеај се реализира и покрај тоа што Роиг изјави дека е целосно спремен да ги плати патните трошоци на сите сезонци.

9 октомври 2025 - 11:25