Ѓоковиќ освои чудесен поен и закажа полуфинале во Шангај

И покрај многуте проблеми поради тешките услови за игра во Шангај каде влажноста била преголема, Новак Ѓоковиќ преброди уште една препрека и се пласираше во полуфинале. Српскиот тенисер уште од почеток на турнирот на 3 натпревари повраќаше и имаше потешкотии со прилагодување на амбиентот и големата влажност. Денес во четвртфинале заигра после тешката борба во осминафинале со Шпанецот Мунар, и го совлада младиот Белгиец Зизу Бергс со 2-0 по сетови 6:3, 7:5.

9 октомври 2025 - 14:59