
Откако по ред ги зареди Ласло Ѓере, Бублик, Махач, Грикспор, Руне и Новак Ѓоковиќ, Валентин Вашеро во финалето го совлада неговиот сонародник и дури и роднина, Французинот Артур Риндеркеш.
Валентин Вашерот пред почетокот на Мастерсот во Шангај беше 204-ти на ранг листата и прилично анонимен тенисер. Тој денес во Шангај направи чудо откако стигна до својата прва АТП титула.
Неверојатно звучи податокот дека тој во досегашната кариера заработил нешто под 600.000 фунти, а сега за освоениот трофеј во Шангај ќе заработи 1,2 милиони долари!
Тој од понеделник ќе биде 40-ти на ранг листата а неговиот противник од финалето сонародникот Риндеркеш кој беше 54-ти ќе влезе исто во Топ40.
🇲🇨 Vacherot: No. 204 (Shanghai 2025)
— Tennis TV (@TennisTV) October 12, 2025
🇭🇷 Coric: No. 152 (Cincinnati 2022)
🇪🇸 Carretero: No. 143 (Hamburg 1996)
🇸🇪 Pernfors: No. 95 (Montreal 1993)
🇦🇺 Popyrin: No. 62 (Montreal 2024)@val_vacherot becomes the lowest ranked Masters 1000 champion EVER pic.twitter.com/3z5zYs1aUS
„Јас како и сите, плачам. Ова што се случи не е реално. Немам идеја што се случи сега, не сонувам, ова е лудо. Многу сум пресреќен од моите настапи овие две недели“, рече Вашеро после триумфот.
Двајцата братучеди плачеа на теренот, едвај ги одржаа финалните говори. Едниот пресреќен што на патот до трофејот го урна големиот Новак Ѓоковиќ, а другиот што го совлада Данил Медведев, освојувачот на УС Опен од 2021.
„Пробав да го тргнам на страна тоа што ми е братучед, момчето со кое пораснав, со кое одев на одмори, со кое тренирав во Тексас“, вели Вашерот за Риндеркеш.
Во публика беше и големиот Роџер Федерер кој сведочеше еден несекојдневен тениски настан.
The moment Vacherot completed a fairytale run 🙌#RolexShanghaiMasters pic.twitter.com/lFMt9ez7h7
— Tennis TV (@TennisTV) October 12, 2025