Полска на гости игра како дома

И покрај скромните резултати на репрезентацијата на Полска на големите натпреварувања, нивните навивачи поставуваат стандарди кога бодрењето своја земја е во прашање. Полјаците одат секаде и секогаш, без разлика на временски услови, далечина, патување, скапи карти итн. итн. Во Каунас синоќа против соседна Литванија во квалификациите за Светско, Полска победи 0-2 а навивачите правеа шоу.

Полјаците победија на крај 0-2 со головите на Себастијан Шимански во 15-та минута:

И на Роберт Левандовски во 64-та минута:

Полска е втора во групата со 13 бода зад лидерот Холандија која има 16 бода. Во ноември ќе играат директен дуел меѓу нив а Полска ја чека и дуел со Малта на гости во борбата за директен пласман или бараж за Светско првенство. 

Се навредувал и Израел како и на претходните натпревари на Полска: 

13 октомври 2025 - 12:37