Белгија го доби трилерот со Велс и го зема првото место од Македонија

Македонската фудбалска репрезентација од почеток на квалификациите го презеде првото место на табела во групата Ј и го чуваше љубоморно до овој 13-ти декември. Од вечерва прва на табела е Белгија која после пресврт го победи Велс на гости со 2-4. Белгијците ги чекаат уште два дуели: со Казахстан на гости и со Лихтенштајн дома. Македонија игра со Велс на гости.

Epa Images
Epa Images
Photo: EPA Images

Белгија славеше со головите на Кевин Де Брујн (еден од пенал), Мение и Тросар. Два погодоци за Велс дадоа Родон и Бродхед. Интересно првиот дуел меѓу овие две селекции во Белгија заврши со триумф на Белгијците 4-3. На два натпревари меѓу овие две репрезентации паднаа 13 гола.

 

13 октомври 2025 - 23:43