Кога Зидан, Бартез и другите Французи се смееа на изведба на химната

Светскиот шампион од 1998-ма година, Франција која доминираше со европскиот и светски фудбал, генерацијата на Зинедин Зидан и Лилијан Турам, на 5-ти септември 1999-та му гостува на Исланд. Пред натпреварот некој оперски баритон ја изведува прекрасната химна „Марсејеза“, ама оперската изведба ги смее Бартез, Лизаразу и компанија кои се кријат со глава во земја да не покажат дека им е смешно.

Франција и вечерва му гостува на Исланд во квалификации за Светско 2026. А еве како беше во таа 1999-та:

13 октомври 2025 - 12:54