
Ilha feliz, среќниот остров е називот за Зелено'ртски остров, архипелаг составен од 10 островчиња во Атлантскиот Океан кој има околу 525.000 жители според Светска банка.
Никој кај нив не ни сонувал дека би можеле една вечер да прослават историски пласман на Светско првенство.
Со триумфот против Есватини од 3-0, оваа селекција обезбеди сигурно учество на Мундијалот следната година и тоа пред селекции како Камерун, Либија и Ангола.
Предводени од селекторот Педро Леитао Брито познат само како Бубиста, фудбалерите на Зелено'ртски острови, репрезентација основана само три години по независноста на земјата од Португалија во 1975-та година, направија големо чудо и завршија први во својата квалификациска група Д.
ПРОШИРУВАЊЕТО НА ФИФА ОД 32 НА 46 УЧЕСНИЦИ ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ НЕОБИЧНИ ПРИКАЗНИ
Во Африка квалификациите се едноставни и прости: победниците на групите составени од шест репрезентации одат директно на Светско првенство. Секако, имаат и бараж: ако се најдеш меѓу четирите најдобропласирани втори од девет групи ќе мора да играш полуфинале на бараж против една африканска селекција и ако победиш еден или два натпревари против репрезентација од друга конфедерација.
Во групата на Зелено'ртски острови кои завршија први со 23 бода беа уште и Камерун, Либија, Ангола, Маврициус и Есватини.
Јунаците на оваа приказна после домашните 0:0 со Ангола, изгубија од Есватини 2:0 и претрпеа дебакл 1:4 од Камерун. После почнале со берба на бодови: со две победи по 1:0 со Либија и Маврициус и триумф 2:1 против Ангола.
А Камерун во меѓувреме губел бодови на гости со Либија и Ангола па дури и со аутсајдерот Есватини.
Главен директен дуел бил во 8. коло кога Зелено'ртски острови го победила дома Камерун со 1:0 и практично му избегала на табела на главниот ривал.
На крајот во последното коло синоќа Зелено'ртски острови славеше убедливо 3-0 против Есватини со головите на Дајлон Ливраменто кој е центарфор позајмен од Верона во португалскиот клуб Каза Пиа, Вили Семедо од кипарска Омонија во 54' минута и на крајот од дуелот со погодок на 37-годишниот стопер од португалски Торенсе, Стопирa.
Историската победа ја забележале на стадионот кој собира 15.000 гледачи и има покрив на само една трибина. Арената е нова, отворена пред 11 години.
КОИ ИГРАЧИ ИГРААТ ЗА НИВ?
Зелено'ртски острови се 70-ти на ранг листата на ФИФА. Домашното првенство им е мало, составено од 10 екипи.
Интересно, целата репрезентација им е составена од играчи кои играат во разни европски лиги. Може да најдете фудбалери од првенствата на Бугарија, Ирска, Романија, Финска, Унгарија, Кипар, Израел, Велс и други. Има и играчи кои играат во Бразил, Саудиска Арабија, ОАЕ и САД.
Главно име им е 35-годишното крило на турски Коџаелиспор Рајан Мендеш. Тој е рекордер по број на настапи за Зелено'ртски острови (90 меча) и голови (22). Во 2010-те години играше неколку сезони во француска Лига1 за Ле Авр и Лил а сега игра во турски второлигаш.
30-годишнио голман Бруно Валера играл за Бенфика и бил на позајмица во Ајакс. А некое време играл за младинските репрезентации на Португалија.
37-годишниот стопер Стопира има и унгарски пасош затоа што цели 11 години играл за Фехервар и таму станал легенда. Друг бек, Пико веќе 15 години игра во Република Ирска од кои 8 сезони бил во Бохемијанс па преминал во Шамрок Роверс каде настапува веќе седум години.
Интересно е што овој фудбалер во 2019-та година добил порака на Линкдин од селекторот на репрезентацијата на Зелено'ртски острови. Пико воопшто не знаел португалски јазик и ја игнорирал пораката, мислел дека е спам. Се изненадил кога му стигнала порака на англиски јазик од тамошниот сојуз кој го поканил да дојде во репрезентација.
Стивен Мореира веќе пет сезони игра во МЛС за Колумбус и има три трофеи со овој тим од САД.
Бекот Јуран Фернандеш игра во Индонезија, тој неодамна почнал да добива повици за репрезентација.
Логан Коста не игра поради повреда на лигаментите иако тој е еден од најталентираните фудбалери од оваа земја. Тој настапува за Виљареал, а претходно играл за Тулуз со кој дури и го освоил Купот на Франција. Пред една година тој бил на вратата во Атлетико Мадрид но Симеоне се решил за Клеман Ленгле.
Жордан Семедо веќе неколку години беше под договор со Монако.
Во средниот ред им се Илано Тимас, Жамиро, Гари Родригеш, браќата Дерој и Ларос Дуарте кои се родени во Ротердам. Ларос дури играл за холандска млада репрезентација. Кристофер Да Граса е роден во шведски Гетеборг и исто играл за младинската репрезентација на Шведска. А Стефан Кузни е роден во швајцарска Лозана.
Во Ротердам е роден и Дајлон Ливраменто - ѕвезда на репрезентацијата кој постигнал шест гола во 2025-та година за Зеленор'тски острови. Тука е и Жовани Кабрал - шампион на Португалија со Спортинг Лисабон.
Од Русија доаѓа Кевин Ленини кој настапува за Краснодар и кој веќе три години игра во руско првенство, како и шпицот на руски Акрон Жилсон Беншимол кој ќе оди на Светско првенство.
Шпицот Нуно Да Кошта играл за Стразбур и Оксер во Франција па после и за Нотингем Форест во англиски Чемпионшип. Минатата сезона постигнал 13 гола во турската лига за Касимпаша а сега е во Истанбул Башакшехир.
Селектор им е 55-годишниот Бубишта. Тој имал играчка кариера во португалски Ешторил а во Европа одиграл само шест месеци. Во 2007-ма година станал помошник тренер во репрезентација а потоа го поставиле за селекторл. За три години подоцна сменил четири клуба и никаде ништо не освоил Потоа повторно го викнале да биде помошник тренер во репрезентација.
Во јануари 2020-та станал селектор и сега го направи најголемиот историски успех со репрезентацијата на Зелено'ртски острови.
ДОЛГИОТ ПАТ ДО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
Зелено'ртски острови стекнале независност од Португалија во 1975-та година. После седум години се појавила нивната фудбалска федерација, а после уште три години, ја викнале во ФИФА. Но први квалификации за Светско играа дури во 2000-ти години за Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја и испаднале во баражот од Алжир (0:0, 2:0).
Во квалификации за Светско 2006-та година биле претпоследни на табела. Во следните два квалификациски циклуси биле зад Камерун и Тунис.
За Светско првенство 2018 во Русија завршиле зад Сенегал и Буркина Фасо. После четири години повторно не се нашле на Светско откако биле зад Нигерија иако имале само два бода помалку на второ место а во последното коло играле токму против Нигеријците на гости и ремизирале 1:1.
На Куп на Африкански нации играле четири пати, а три пати поминале групи. Дебитирале дури во 2013-та кога биле поуспешни од Мароко и Ангола во група но во четвртфинале изгубиле од Гана. После две години стигнале до нокаут фаза а во 2021-ва испаднале во продолженија во 1/8 финале од Сенегал.
На КАН 2023 Зелено'ртски острови направи одлични резултати откако ги надмина во група Египет, Гана и Мозамбик а во плејофот после ја совлада и Мавританија. Во 1/4 финале испаднале на пенали од Јужна Африка: од пет шута промашиле четири.
Во 2025-та не се квалификувале за Куп на Африкански нации (последно место во група со Египет, Боцвана и Мавританија) но затоа го остварија животниот сон на цела нација - да се пласираат на Светско првенство 2026!