Шоу на Меси и Суарез, голови како во најдобрите денови
Интер Мајами со 4-0 ја совлада Атланта Јунајтед во 33. коло од МЛС лигата во САД. Лионел Меси постигна два гола а имаше и асистенција до Жорди Алба. Шоуто го украде Луис Суарез, ветеранот постигна неверојатен гол и докажа дека уште има фудбал во него. Лионел Меси игра исто во фантастична форма и сезонава веќе има 26 гола и 15 асистенции на 27 натпревари.