
Македонската фудбалска репрезентација падна на втората позиција во групата Ј со 13 бода и сега прва е Белгија со 14, која има еден меч за играње повеќе.
На избраниците на Руди Гарсија им се доволни 4 бода од средбите со Казахстан и Лихтенштајн за прво место, што значи веќе се речиси сигурни патници во САД.
Ние имаме 3 бода повеќе од Велс, кој прво му гостува на Лихтенштајн, па не пречекува. Со две победи ја преземаат втората позиција и обезбедуваат бараж за Светско.
Со нерешен резултат, втора е Македонија поради подобрата гол разлика.
Со оглед на тоа што Македонија има гол разлика 12-3 (+9), а Велс 13-10 (+3), на Велшаните ќе им треба победа над Лихтенштајн од 0:6 за да се израмнат со нас. Во таков случај за бараж ќе треба да бркаме победа во Кардиф.
И во случај Македонија да заврши трета во овие квалификации, шансите за пласман на Мундијалот 2026 не се загубени. Во таков случај, тимот на Милевски ќе игра бараж преку Лига на нации, каде заврши прва во група.
Инаку потсетување, баражот за Светско првенство е составен од 4 репрезентации, каде се игра полуфинале и финале.