
Во Конкакаф квалификациите за Светско првенство во кое играат репрезентации од Северна и Централна Америка, репрезентацијата на Курасао е пред историски момент и прв пласман на Светско првенство.
Курасао од клупата го предводи познатиот холандски тренер Дик Адвокат кој досега на Мундијал ги носеше Холандија во 1998 и Јужна Кореја во 2006. Оваа селекција која што е остров на холандските Кариби има 155.900 жители (според податоци од Светска банка во 2024-та) и би можела да стане земја со најмалку жители чија репрезентација отишла на Светско првенство.
Пред два дена Курасао со 2-0 ја совлада Јамајка која од клупата ја предводи Скот Мекларен со головите на Ливано Комененсија и Кенџи Горе на стадионот „Ерџилио Хато“ во главниот град Вилемштад.
Курасао од Карибите е прв во групата Б во моментов со 7 бода од 3 натпревари, 1 бод повеќе од директниот ривал за прво место Јамајка која има 6 бода. Тринидад и Тобаго се трети во група со 4 бода по триумфот над Бермуда од 3-0 во петокот.
Курасао сега го чека во вторник дуел дома против Тринидад и Тобаго и евентуална победа ќе им ги зголеми шансите за пласман. До крајот Курасао игра против Бермуда на гости и против Јамајка на гости кога ќе се решава патникот на Светско првенсттво 2026 во САД, Мексико и Канада.