Offside

На денешен ден во 1996-та година во рамки на Евро Купот, во некогашната „лименка“, култната сала „Јане Сандански“ во Аеродром, МЗТ Скопје направи сензација која одекна во европската кошарка. Аеродромци го совладаа големиот и најтрофеен европски гигант Реал Мадрид, тогаш предводен од Жељко Обрадовиќ и со Дејан Бодирога во составот.

Гол на колото во 95-та минута за финале

Фудбалерите на Чорли беа многу блиску до елиминација во полуфиналето од плејофот за влез во петтата англиска лига, откако по ремито 0:0 на домашен терен, губеа 2:0 на гости од Бостон Јунајтед. Во 56 минута постигнаа гол за надеж која ја имаа се до последните секунди, кога во шеснаесетникот јуначки реагираше Адам Роскоу.

Тажниот ден на југословенскиот фудбал во Сплит

Три збора од спикерот на стадионот беа доволни сите присутни да се расплачат на денешен ден пред 35 години кога се прекина дуелот Хајдук Сплит - Црвена звезда. Причина беше смртта на Јосип Броз Тито.

Буенос Аирес го преживеа првото Суперкласико

Во првиот дел од трилогијата „Суперкласико“, Бока Јуниорс го совлада Ривер со головите на тандемот Павон-Перез во финишот. По дербито во првенството, во петок нè очекува второто дерби, а прво од полуфиналето на Копа Либертадорес.

Стеф Кари ги припитоми Гризлите и ќе стане МВП

После Вашингтон против Атланта, синоќа и Голден Стејт Вориорс со победа ја отвори полуфиналната серија на западната конференција. Воините подобри од Мемфис 101:86.

Атланта со пораз го почна полуфиналето

Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја победија Атланта 104:98 на гостувањето во Џорџија и поведоа во полуфиналето на источната конференција. Пет поени за 18 минути на Перо Антиќ. Следниот дуел се игра повторно во Атланта.

Македонија е високо поразена во Тулуз

Македонската ракометна репрезентација растеретено и борбено настапи против Светскиот шампион Франција кој не дозволува сензација. Македонија е прегазена во 4. квалификациско коло за ЕП 2016 со 35:24.

Не е убаво да си пристрасен новинар

На белградскиот спортски тв канал СОС мошне гледана емисија води новинарот Владан Тегелтија. Дискутира со слушатели, дебатира со гости, но како осведочен навивач на Партизан знае да ги провоцира ривалите. Тоа често му се одбива од глава.

Реакцијата на Стив Балмер по триумфот над Спарс

Сопственикот на ЛА Клиперс, Стив Балмер емотивно го доживува секој натпревар, а екстазата од плачење до голема радост ја преживеа синоќа против Сан Антонио. Го прослави триумфот со порака: Се гледаме во Хјустон.

Прстенот го менува господарот, Сан Антонио елминиран од ЛА Клиперс

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се пласираа во полуфиналето на западната конференција, откако синоќа го совладаа шампионот Сан Антонио во седмиот натпревар од серијата 111:109. Крис Пол погоди во последната секунда за големо славје во Ел-Еј.

Мејведер ја доби борбата на векот

Американскиот боксер го сочува појасот и ореолот на непобедливоста, откако го победи Мани Пакијао после 12 рунди во Лас Вегас. Филипинецот се жали на судиите кои беа исвиркани и од публиката на крајот.

Баер Л. – Баерн Минхен во 17:30 и Севиља – Реал Мадрид во 20:00

Спортската сабота се состои од фудбалски натпревари во најсилните топ 5 лиги во Европа.

40 голови за 40-ти роденден на Бекам

На денот кога својот роденден ќе го прослави во Маракеш (Мароко), Дејвид Бекам за прв пат се појавил на Инстаграм и им се заблагодари на сите за честитките. Неговите верни фанови на ЈуТјуб објавија видео со 40 голови на Бекс за Јунајтед.

Гол на Абдурахими и последен поздрав за Мертенс

Македонскиот репрезентативец, Бесарт Абдурахими по долга пауза успеа да постигне погодок за Локерен кој загуби на гостувањето од Вестерло со 4:3.

Антиќ ќе игра во полуфиналето на Истокот

Кошаркарите на Атланта Хокс славеа висока победа од 87:111 на шестиот плејоф натпревар против Бруклин. Со вкупни 4:2 Хокси обезбедија пласман во полуфиналето на Источната конференција каде ќе се сретнат против Вашингтон.

Биковите пресилни, славеа со 56 поени разлика

Лос Анџелес Клиперс го совлада Сан Антонио 102:96, израмни на 3-3 и на свој терен ќе ја бара шансата за пласман во полуфиналето на Западот. Предводен од Џими Батлер и Пау Гасол, Чикаго Булс ја оствари најубедливата плејоф победа од 1956. година.

Не издржа срцето на соиграчот на Абдурахими

По три неизвесни дена, почина белгискиот фудбалер Грегори Мертенс кој доживеа инфаркт на сред фудбалски натпревар.

Денот кога Моника Селеш беше симната од врвот со нож

Пред точно 22 години славната српска тенисерка со американски пасош беше нападната од фан на Штефи Граф, инцидент по кој и беа потребни две години да дојде на себе и да се врати со рекетот во рака.

Синхронизиран кикс на Родригез и Коентрао

Покрај бомбата на Родригез и нервозата на Роналдо зашто не даде вчера гол против Алмерија, навивачите на Реал Мадрид го зборат и неочекуванот аут на фудбалерите на Реал Мадрид.

Коктел од евроголови во Серија А

Филип Мексес, Марко Пароло и Лукас Подолски од дистанца, Тевез и Флоренци од парабола и Пиниља со ножички ги постигнаа најубавите голови во 33. коло во Италија.

Интерпол бара поранешен играч на Реал

Поранешниот колумбиски репрезентативец, Фреди Ринкон е осомничен за криминал со дрога во Панама.

Адеми ја спука со Мамиќ

Хрватските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец реагирал бурно и го искинал дресот кога тренерот одлучил да го извади од игра.

Пак настрада автобусот на Фенербахче

Поминаа само 26 денови од нападот врз клупскиот автобус на Фенербахче во Трабзон, а тој повторно страдаше, овој пат во Бурса. Фенербахче славеше 1:2 во полуфиналето на Купот против истоимената екипа. Другиот полуфинален пар го сочинуваат Галатасарај и Сиваспор.