
24 годишниот Мертенс кој настапуваше во Локерен заедно со македонскиот репрезентативец Бесарт Абдурахими, доби срцев удар на натпревар меѓу резервните тимови на Локерен и Гент, одигран во понеделникот.
Лекарите 30 минути интервенираа на терен, а потоа тој три дена лежеше во кома во критична состојба, по што почина попладнево.
Белгискиот дефанзивец одигра вкупно 101 натпревар за екипите на Серкел Бриж и Локерен, а оваа сезона имаше 11 настапи за неговиот тим кој заврши на осмата позиција во белгиското првенство.
Мертенс беше член на три младински селекции на Белгија, а за У 21 настапи на седум натпревари.