
Марко Белинели погоди две тројки по ред во последните 80 секунди, од која една на 14 секунди пред крајот, но Џамал Крафорд и Блејк Грифин ги реализираа слободните фрлања и Клиперс го победи актуелниот шампион.
Блескаше тандемот Крис Пол-Блејк Грифин. Пол уфрли 19 поени со 15 асистенции, додека крилниот центар постигна 26 поени со 12 скокови и 6 асистенции. Клиперс славеа благодарение и на Деандре Џордан кој оствари дабл-дабл учинок со 15 поени и 14 скокови.
Грифин го однесе Клиперс на прагот од пласман во полуфнале:
Меката рака на Марко Белинели:
Чикаго со конечни 4-2 во серијата се пласираше во полуфиналето каде ќе игра против Кливленд, кој претходно со 4-0 го елиминираше Бостон Селтик.
Мајк Данливи со 20 поени беше најефикасен синоќа, а одличен натпревар прикажа и Марк Гасол со 19 поени и 8 скокови. Џими Батлер додаде 16, а Дерик Роуз 15 со седум асистенции. Кај Бакси, сите играчи се запишаа во листата на стрелци, но ноти еден немаше двоцифрен број на поени.
Атрактивно забивање на Џими Батлер:
ТОП 5 потези на вечерта: