На турнирот во Хамбург одигран на 30 април 1993 година, Селеш водеше 2:0 во сетови против Бугарката, Магдалена Малеева, но за време на една од паузите еден од гледачите ја нападна со нож и ѝ направи рана длабока 1,5 см.
Популарната тенисерка тогаш имаше 19 години и беше прва на ВТА ранг листата од септември претходната година. Најпрво се шпекулираше дека нападот имал политичка позадина поради конфликтот во нејзината родна Југославија, но Германецот ги објасни причините во полиција.
Се работеше за 38 годишен човек од Источна Германија, по професија шивач кој рекол дека немал намера да ја убие Моника, туку само да ја повреди за да и помогне на Штефи Граф да се врати на лидерската позиција на ранг листата.
Германецот не заврши во затвор, бидејќи се установи дека психички не е здрав по што го пратија на лечење. По инцидентот безбедноста на тениските терени беше зголемена, па така на следниот турнир во Франција, месец дена по случката во Германија, церемонијата на делење трофеи почна да се одвива на терен, а не меѓу гледачите.
Моника Селеш се врати по две години пауза и победи уште на самиот кам бек против Аманда Куцер со 6:0 и 6:1 на отвореното првенство во Канада. Таа стана рекордер по бројот на освоени Гренд Слем трофеи како тинејџерка и успеа да освои осум.
За инцидентот во Хамбург изјави дека и ја променил кариерата и дека и наштетил психички.