Прстенот го менува господарот, Сан Антонио елминиран од ЛА Клиперс

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс се пласираа во полуфиналето на западната конференција, откако синоќа го совладаа шампионот Сан Антонио во седмиот натпревар од серијата 111:109. Крис Пол погоди во последната секунда за големо славје во Ел-Еј.

Херој на триумфот на ЛА Клиперс беше Крис Пол кој погоди на една секунда пред крајот преку Тим Данкан. Крилниот центар на Сан Антонио претходно погоди две слободни фрлања и го израмни резултатот на 8,8 секунди пред крајот. Следуваше влезот на Крис Пол кој го елиминираше шампионот.
 
Клиперс ќе го играа само четвртото полуфинале на западната конференција во својата историја, што беше причина за големо славје во Лос Анџелес. Клиперс во полуфиналето ќе играат против Хјустон Рокетс.
 
Јунакот на мечот, Крис Пол уфрли 27 поени, од кои 18 во второто полувреме. Блејк Грифин оствари уште еден трипл-дабл со 24 поени, 13 скокови и 10 асистенции. Кај сега веќе поранешниот шампион, Тим Данкан одигра неверојатно со 27 поени и 11 скокови. Тони Паркер запиша 20 поени, а Дени Грин 16.
 
Неверојатниот кош на Крис Пол преку Данкан за голема победа:
 
Блејк Грифин беше незадржлив:
 
Дуелот Грифин - Данкан: