Offside

Четириесет и три годишниот Арон Данкс ќе го оствари својот сон и макар привремено ќе биде главен тренер на Баерн Минхен, додека Венсан Компани е на принуден одмор од здравствени причини.

Рестарт на Парма со 10 играчи и 5.000 годишни карти

Славниот италијанскиот прволигаш кој пред 15 години го гледавме во Скопје против ФК Победа со Буфон, Турам и Канаваро, стартува одново во аматерски ранг, но тоа не ги поколеба ултрас навивачите да ги разграбаат годишните карти.

Како да се одмориш од слава со топката

Излегуваш маскиран на улица, жонглираш, правиш финти, му додаваш на кој стигнеш, бараш телефон од женски и пак привлекуваш внимание но без да ти биде терен бидејќи никој не знае кој си. Потоа кога ќе ја извадиш брадата, сè е по старо.

Навивач на Астон Вила ќе патува 6.500 км за да ја донира годишната карта

Мајкл Купичити ќе фати авион од Торонто до Барселона, а од таму потоа заминува за Бирминген за да го гледа Астон Вила против Манчестер Јунајтед во второто коло од Премиер лигата.

Турска супер лига - фанатизам и многу пари

Турската фудбалска лига летово е прва во Европа по трансфери на играчи за кои клубовите потрошија приближно 55 милиони евра.

Најјакото навивачко лудило во 30 секунди

Актери се навивачите на Ајакс кои прават фешта во еден глас.

Кој им го украде пехарот на жените од првиот ФА куп?

Фудбалерка на Саутемптон која го освои првиот ФА куп во 1971 година сè уште се надева дека ќе го пронајде пехарот и ќе го стави во музеј.

Фаул за затвор по брза постапка

Натпреварот е Австрија Виена - Ајакс од 3. квалификациско коло за ЛШ кој заврши 2-2, а малоумникот е Стефан Шваб.

11 годишник со аматерски тим му извади реми на Болтон

Вакви фудбалски приказни може да се случат само во земјата каде има посебна фудбалска култура од прва до десетта лига, а тоа е собирач на топки да добие шанса на еден меч да го води клубот за кој навива.

Наташа Андонова - врвна фудбалска амбасадорка

Во ситуација кога не го знаеме патот од штикли во копачки, за општата состојба во женскиот фудбал зборувавме со најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова. Ни раскажа за Бразилката Марта, за прославата на титулите во Германија, за митот на Западот, за домашниот фудбал...

Како да изнервираш навивач на Челси за 60 секунди

Ќе им ги собереш срамните резултати, промашените засилувања и најболните моменти од историјата на кои не сакаат да се навраќаат, како на пример кога Тери се лизна во пенал серијата против Манчестер во финалето од ЛШ.

Марио Гомез се опушти на турски тв канал

Бешикташ има обичај секој нов играч да гостува во клупското студио по потпишување на договорот. Така беше со Кварезма, така и со Марио Гомез од Фиорентина, кој даде маалски одговор на прашањето што мисли за Меси и Роналдо.

Пекинг испишува нова историја на Олимпијадите

Главниот град на Кина е избран за домаќин на Зимските олимписки игри 2022 година и со тоа ќе стане прв град каде ќе се одржат и Летна и Зимска Олимпијада.

Како Интер ги тренира голманите

Кој вика дека голманите се статични? На три недели пред стартот на новата сезона во Серија А, погледнете ги овие исцрпувачки тренинзи на голманите на Интер кои треба да летаат за секоја топка.

Ето беше ѓубре од студент, но секогаш пишуваше домашно

Студентка од Велика Британија го раскажува искуството кога ученик по руски јазик ѝ бил Самуел Ето за кој немала појма кој е.

Приказната за Тристан и Депортиво Ла Коруња

Предводникот на Депортиво во најславните денови на оваа екипа беше фудбалер кој во еден момент важеше за најдобар играч на светот. Повредите и ноќниот живот го спречија да стане уште пославен.

Нема дрон има камен, прекинат меч во Тирана

Мечот меѓу Кукуши Тирана и Легија Варшава е прекинат во 51. минута откако гостинскиот фудбалер Андреј Дуда бил погоден со камен во глава.

Ангеловски: Победивме тим кој вреди 105 милиони евра

Како реплика на гостинскиот тренер Шота Арвеладзе, кој самоуверено изјави дека ќе победат во реваншот, Ангеловски во свој стил изјави нека победат 2:1.

Работнички е чувар на честа, Трабзон падна во Скопје

Со голот на капитенот Баже Илијоски, фудбалерите на Работнички апсолутно заслужено го совладаа големиот ривал од Турција со 1:0.

Омразата на Трабзон и Фенер се префрли во Скопје

Работнички вечерва на Филип Втори го пречека турскиот претставник Трабзонспор во рамките на 3. квалификациско коло од Лига Европа, но на стадион има навивачи и на друг турски клуб кои се појавија како провокација.

Бегалец од Гамбија станува главен играч на Вердер Бремен

На 16 години Осман избегал од својата земја и до 18 живеел во прифатилиште за малолетници. На првиот настап за Вердер Бремен, на пријателска даде 4 гола за 15 минути и веќе го меркаат за прв шпиц во екипата.

Ефектен гол по тимска игра

Фудбалерите на Вердер дадоа 24 голови на последните 6 пријателски средби. Голеадата не ја избегна ниту Севиља која загуби 3:1. На тој натпревар падна можеби и голот на предсезоната.