Во четвртокот се одиграа голем број средби во квалификациите за Лига Европа, но една имаше неславен крај. Дуелот меѓу албанскиот Кукуши и Легија Варшава се прекина во 51. минута при водство на гостите од 1-2.
Причина е каменот со кој бил погоден гостинскиот фудбалер Андреј Дуда, кој бил изнесен од теренот по што судијата решил натпреварот да не продолжи. Полјаците поведоа 0-1 во првиот дел, но Кукуши израмни во 49. минута. Две минути подоцна, Резничак ѝ донесе ново водство на Легија, но при прославата на голот, Дуда бил погоден со камен во глава.
Нереди меѓу навивачите на двата тима имало и пред мечот а за време на средбата, домашните извадија парола на која пишуваше: „Крајот на овој меч ќе значи и крај на вашиот живот. Не сум Словен, јас сум Албанец“.
Инцидентот е најава за остра казна од УЕФА која има нулта толеранција за проблемите на средбите во нивна организација. Инаку навивачите на Кукуши и во претходното коло од квалификациите за ЛЕ правеле нереди на гостувањето во Подгорица против Младост, каде скандирале ''УЧК''. Според неофицијални извори, можно е реванш да нема и Легија да обезбеди пласман понатаму по службен пат.
Моментот кога Полјакот е погоден со камен во глава: