
Како и на претходните два европски дуели на домашен терен, така и вечерва фудбалерите на Работнички тргнаа офанзивно, без страв од големиот ривал Трабзонспор. Турците го почнаа мечот со Оскар Кардозо во шпицот и Констант и Јусуф Ердоган на крила, но во првите 45 минути одбраната на Работнички немаше многу проблеми со најистурените играчи на Трабзон.
Уште на стартот, по фаулот во 4-та минута жолт картон доби Карл Меџани, а Дебармаалци го искористија слободниот удар да се заканат преку Алтипармарковски. Стрпливо напаѓаше Работнички и тоа му се исплатеше во 23. минута кога на асистенција на Вујчиќ, капитенот Илијоски избегна офсајд замка и маестрално пласираше во голот на Чакир за 1-0. Тогаш се разбуди и 7-илјадната публика на Филип Втори Арената.
До крајот на полувремето, Ердоган имаше чиста прилика да израмни, но Петровиќ го изблокира неговиот удар. Дисциплинирано и мирно Романтичари го затворија првиот дел, во кој имаа повеќе од играта и шансите.
До крајот од мечот, црвено-белите успешно го одбранија водството и апсолутно заслужено го совладаа ривалот кој беше фаворит според сите параметри пред мечот. Реваншот се игра на 6. август, следната недела во Трабзон.
Голот на капитенот Илијоски: