42 годишниот Канаѓанец почнал да навива за Астон Вила пред две години, откако се разочарал од Барселона и нејзината политика на водење на клубот. Каталонците ги поддржувал заедно со жена му која по потекло е од таму.
Потоа како голем фудбалски фанатик без клуб за поддршка јавно ги нудел своите услуги и добил писмо од Астон Вила за да стане нивни навивач.
Мајкл прифатил и набавил четири годишни влезници за натпреварите на Астон Вила, но решил да учествува во програмата за донации на влезници. Едниот билет ќе го донира на сиромашно дете, а другите ќе бидат донирани во соработка со клубот.
Тој заедно со семејството ќе има можност за прв пат да го гледа Астон Вила кој во второто коло од новата сезона во Премиер лигата ќе го пречека на домашен терен Манчестер Јунајтед.