Пекинг во трката за Зимските Олимписки игри го победи најголемиот град на Казахстан Алмати со 44 наспроти 40 гласови, а тоа беа единствените два кандидати откако Осло и Стоклом одлучија да се повлечат од трката поради политички и финансиски причини.
До сега никогаш не се случило во историјата на Олимписките игри еден ист град да биде домаќин и на Летните и на Зимските, а таа чест ќе ја има Пекинг каде во 2008-та се одржуваше Летната Олимпијада.
„Ако го одберете Пекинг, кинескиот народ ќе ви донесе фантастични и незаборавни мигови на Олимписките игри“, изјави претседателот на Кина Си Гинпинг.
„Кина политички е стабилна, има перспективна економија, а тоа е најважно за да биде домаќин на Зимските Олимписки игри“, рече градоначалникот Ванг Аншун.
Од Олимпијадата во 2008-ма, домаќините планираат да ги искористат стадионите Птичјо гнездо и Водената коцка, а лизгачките спортови ќе се одржуваат во два други града оддалечени на 60 и 140 км надвор од Пекинг. До таму е планирана нова железничка линија која би требало да го скрати времето на патување до 50 минути.
Домаќин на ланските Зимски Олимписки гри беше Сочи, а на следните во 2018-та ќе биде Пхенчхан, Јужна Кореја.