Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Сампдорија не го заборава Вујадин Бошков

Покрај Работнички, сензација во третото квалификациско коло синоќа направи и Војводина која со вкупен резултат 4:2 ја елиминираше Сампдорија. Италијанците и покрај тоа што во Нови Сад отпатуваа со негатива од 4:0, најдоа време и за својот миленик кој им го донесе единственото Скудето во историјата.

Работнички vs Трабзонспор во пари

Засилувањата на Трабзонспор како Босингва од Челси, Констант од Милан, Каванда од Лацио и Кардозо од Бенфика не се гаранција за сигурна победа против екипа со Кире, Мите, Душко, Баже и останатите. Нивното срце беше посилно од богатството на турскиот тим.

Работнички херојски по 120 минути го урна Трабзонспор среде Турција

Европското лето за фудбалерите на Работнички не заврши ниту по двомечот со Трабзонспор кој важеше за фаворит. Романтичарите со гол во 112 минута ремизираа на 1:1, го елиминираа 100 милионскиот турски тим во третото квалификациско коло и се изборија за плеј оф во Лигата на Европа.

Вугринец се појави на тренингот на Работнички

По најавата за бомбастичното засилување, Ренато Вугринец и официјално е нов член РК Работнички. Ветеранот кој настапи за македонската ракометна репрезентација на Мундијалот во Катар, ги засили Романтичарите од редовите на Лахвија каде играше заедно со Наумче Мојсоски. Работнички ја претстави екипата на вчерашниот прв собир

Рио одбројува уште 365 дена до стартот на Олимпијадата

На следните Летни Олимписки игри голфот ќе се игра повторно по 111 години, Косово ќе дебитира, а половина од картите ќе изнесуваат максимум 30 долари. Како проблем се потенцира загадувањето од човечки измет.

Бенин и Салвадор и донесоа напредок на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација остана со 311 бодови, но забележа скок од две места на ранг листата на ФИФА поради падот на други две репрезентации.

Гвардиола се исклучи на прес

Во пресрет на Ауди купот каде учествуваат Милан, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Тотенхем, на заедничка прес конференција седнаа сите тренери, но Пеп Гвардиола исто како да го немаше. 

Џентлменско почитување на навивач

Нема секогаш потреба од паника, редари, полиција кога некој ќе влезе на терен. Давид Алаба од Баерн Минхен ќе ви покаже како се прави тоа најдобро. Пред мечот ја испрати до своето столче, а по мечот се врати да и го даде дресот. 

Димовски: Им го враќаме на старите скопјани дербито Вардар – Работнички

Со голема медиумска помпа, но за сега без големи амбиции стартува новата ракометна авантура на новоформираниот Работнички кој за почеток посакува пласман во плејофот од Супер лигата меѓу четирите најдобри екипи.

Од затвор назад во француското првенство

Поранешен фудбалер на Ница, Олимпик Марсеј и Бордо кој има освоено 9 трофеи со овие три клуба ја одлежа затворската казна и сега е во потрага по нов клуб. 

Сакате во затвор или ќе купите реквизити од Баерн Минхен?

Германското судство реши да малку поинаков начин да донесе одлука околу една тепачка меѓу ривали од ист град.

Првите пенали во англискиот фудбал

Правилото за изведување удари од 11 метри кои го одлучуваат победникот, денеска на островот слави 35 години.

Скриените случки од кариерата на Алмеида во Италија

Шансата да играш во Серија А, не носи само пари, слава и жени. Може да се случи да ти се сипат ултраси на улица па да се криеш во ковчег, да ти наложат да местиш натпревар или да ти даваат нешто да ставиш vo организам, а да немаш појма што е.

Голманска грешка на денот

Од сето ова добра му беше само намерата, а тоа е да ја извади топката од гол.

Зошто Ди Марија не успеа во Манчестер

Аргентинскиот репрезентативец лани го направи рекордниот трансфер во Англија, играше во финалето на минатото Светско првенство и го сметаат за еден од најдобрите фудбалери во светот на неговата позиција.

И мртовците требало да знаат дека Вардар го победил Хајдук

За да ја прочитате втората задолжителна лектира од легендарниот коментатор Ивко Панговски добро е прво да почнете со првата. Човекот кој добил две плати награда за интервјуто со Кирк Даглас, за шоуто кое го направил на Радио Сараево добил уште една. Ни раскажа и за еден трансфер во ФК Граѓански во кој бил вклучена и крава.

Навивачите кои се противат на такво пцуење мајка

Мечот меѓу Младост Добој и Славија Сараево од првата босанска лига ни носи ретко виден, а можеби и прв пример на вака внимателни навивачи кога е во прашање начинот на пцуење. Еден од нив ги прекрши правилата и му се обрати на судијата со зборовите „мајка четничка“. Настана гужва по која навивачите на Младост, Црвена легија самите го исфрлија од стадион бидејќи не дозволуваат навреди на етничка основа.

Рестарт на Парма со 10 играчи и 5.000 годишни карти

Славниот италијанскиот прволигаш кој пред 15 години го гледавме во Скопје против ФК Победа со Буфон, Турам и Канаваро, стартува одново во аматерски ранг, но тоа не ги поколеба ултрас навивачите да ги разграбаат годишните карти.

Како да се одмориш од слава со топката

Излегуваш маскиран на улица, жонглираш, правиш финти, му додаваш на кој стигнеш, бараш телефон од женски и пак привлекуваш внимание но без да ти биде терен бидејќи никој не знае кој си. Потоа кога ќе ја извадиш брадата, сè е по старо.

Навивач на Астон Вила ќе патува 6.500 км за да ја донира годишната карта

Мајкл Купичити ќе фати авион од Торонто до Барселона, а од таму потоа заминува за Бирминген за да го гледа Астон Вила против Манчестер Јунајтед во второто коло од Премиер лигата.

Турска супер лига - фанатизам и многу пари

Турската фудбалска лига летово е прва во Европа по трансфери на играчи за кои клубовите потрошија приближно 55 милиони евра.