Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Најјакото навивачко лудило во 30 секунди

Актери се навивачите на Ајакс кои прават фешта во еден глас.

Кој им го украде пехарот на жените од првиот ФА куп?

Фудбалерка на Саутемптон која го освои првиот ФА куп во 1971 година сè уште се надева дека ќе го пронајде пехарот и ќе го стави во музеј.

Фаул за затвор по брза постапка

Натпреварот е Австрија Виена - Ајакс од 3. квалификациско коло за ЛШ кој заврши 2-2, а малоумникот е Стефан Шваб.

11 годишник со аматерски тим му извади реми на Болтон

Вакви фудбалски приказни може да се случат само во земјата каде има посебна фудбалска култура од прва до десетта лига, а тоа е собирач на топки да добие шанса на еден меч да го води клубот за кој навива.

Наташа Андонова - врвна фудбалска амбасадорка

Во ситуација кога не го знаеме патот од штикли во копачки, за општата состојба во женскиот фудбал зборувавме со најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова. Ни раскажа за Бразилката Марта, за прославата на титулите во Германија, за митот на Западот, за домашниот фудбал...

Како да изнервираш навивач на Челси за 60 секунди

Ќе им ги собереш срамните резултати, промашените засилувања и најболните моменти од историјата на кои не сакаат да се навраќаат, како на пример кога Тери се лизна во пенал серијата против Манчестер во финалето од ЛШ.

Марио Гомез се опушти на турски тв канал

Бешикташ има обичај секој нов играч да гостува во клупското студио по потпишување на договорот. Така беше со Кварезма, така и со Марио Гомез од Фиорентина, кој даде маалски одговор на прашањето што мисли за Меси и Роналдо.

Пекинг испишува нова историја на Олимпијадите

Главниот град на Кина е избран за домаќин на Зимските олимписки игри 2022 година и со тоа ќе стане прв град каде ќе се одржат и Летна и Зимска Олимпијада.

Како Интер ги тренира голманите

Кој вика дека голманите се статични? На три недели пред стартот на новата сезона во Серија А, погледнете ги овие исцрпувачки тренинзи на голманите на Интер кои треба да летаат за секоја топка.

Ето беше ѓубре од студент, но секогаш пишуваше домашно

Студентка од Велика Британија го раскажува искуството кога ученик по руски јазик ѝ бил Самуел Ето за кој немала појма кој е.

Приказната за Тристан и Депортиво Ла Коруња

Предводникот на Депортиво во најславните денови на оваа екипа беше фудбалер кој во еден момент важеше за најдобар играч на светот. Повредите и ноќниот живот го спречија да стане уште пославен.

Нема дрон има камен, прекинат меч во Тирана

Мечот меѓу Кукуши Тирана и Легија Варшава е прекинат во 51. минута откако гостинскиот фудбалер Андреј Дуда бил погоден со камен во глава.

Ангеловски: Победивме тим кој вреди 105 милиони евра

Како реплика на гостинскиот тренер Шота Арвеладзе, кој самоуверено изјави дека ќе победат во реваншот, Ангеловски во свој стил изјави нека победат 2:1.

Работнички е чувар на честа, Трабзон падна во Скопје

Со голот на капитенот Баже Илијоски, фудбалерите на Работнички апсолутно заслужено го совладаа големиот ривал од Турција со 1:0.

Омразата на Трабзон и Фенер се префрли во Скопје

Работнички вечерва на Филип Втори го пречека турскиот претставник Трабзонспор во рамките на 3. квалификациско коло од Лига Европа, но на стадион има навивачи и на друг турски клуб кои се појавија како провокација.

Бегалец од Гамбија станува главен играч на Вердер Бремен

На 16 години Осман избегал од својата земја и до 18 живеел во прифатилиште за малолетници. На првиот настап за Вердер Бремен, на пријателска даде 4 гола за 15 минути и веќе го меркаат за прв шпиц во екипата.

Ефектен гол по тимска игра

Фудбалерите на Вердер дадоа 24 голови на последните 6 пријателски средби. Голеадата не ја избегна ниту Севиља која загуби 3:1. На тој натпревар падна можеби и голот на предсезоната.

Роналдо пред камера кога стигна во Манчестер

Интервјуто е пред 12 години, кога Кристијано Роналдо пристигна на Олд Трафорд и не стоеше така добро со англискиот. Во одговорот не успеа да му помогне ниту Гери Невил. По 12 години работите се многу поинакви за него.

Се сеќавате ли на Џани кој сакаше 15 жени, наместо 15 милиони евра плата?

Легендарнава фотка на која наидовме не натера да ве потсетиме на еден легендарен лик кој играше за Југославија и во Премиер лигата и кој кога ги фрли сите пари на курви остана без денар и се пријави на сите српски реални шоуа.

Трета среќа за Карлито

Откако му направија спектакуларен пречек дома, на Тевез му требаа три меча за да ја начне мрежата. Првиот гол за Бока Јуниорс го постигна мајсторски од слободен удар, ретко изведуван на ваков начин.

Од НБА милионер до шанкер во Старбакс - Вин Бејкер

Како кошаркар на Милвоки Бакс и Сиетл Суперсоникс, Вин Бејкер заработил 100 милиони долари, а денес работи како продавач во Старбакс и среќен е поради тоа. Често им дава мудри совети на младите кошаркари кои земаат многу пари.