Проклетата седумка на Манчестер Јунајтед

Шпанскиот весник Марка ги нападна фудбалерите кои го носеа дресот со број 7 на Олд Трафорд. Во нивното денешно издание пишуваат дека откако си заминал Роналдо, некој му фрлил клетва на дресот со таа бројка.

21 годишниот Мамфис Депај е играчот кој ја има таа чест да го носи дресот со број 7 кој го носеле многу легенди на Манчестер Јунајтед, но сега нема многу со што да се пофали.

На 12 јуни годинава тој потпиша 4 годишен договор со Јунајтед, а за издвојување се само неговите две партии во квалификацискте дуели за ЛШ против Клуб Бриж на кои му даде три гола на двата меча.

Стрелаше и во првото коло од групната фаза, но ПСВ го освои Олд Трафорд со 2:1. Во Премиер лигата Депај не игра константно и до сега на 8 меча постигна само еден гол, оној против Сандерленд на 25 септември.

По заминувањето на Роналдо, седумката прв ја облече Мајкл Овен кој потпиша во 2009-та, но за три сезони постигна само 5 гола во Премиер лигата и вкупно 17 на сите натпреварувања, што е премалку за играч од таков калибар.

По него следуваше Антонио Валенсија кој ја замени бројката во времето на Дејвид Мојс, а потоа Анхел Ди Марија кој лани стана најскапиот фудбалер во Премиер лигата за кој Манчестер му исплати на ПСЖ 60 милиони фунти.

Аргентинскиот фудбалер потпиша 5 годишен договор и требаше да биде топ засилување на Олд Трафорд, но си замина по само една сезона со 27 настапи и 3 гола во Премиер лигата.

Марка во текстот покрај Роналдо, од големите играчи со број 7 ги истакнува Џорџ Бест, Ерик Кантона и Дејвид Бекам.

3 ноември 2015 - 16:35