Историски старт за Торонто, Баденхолцер сам зборува на тајм-аут

Дури шест екипи славеа како гости синоќа во НБА, единствено Шарлот го сочува домашниот паркер против Чикаго 130:105.

Кошаркарите на Торонто ја остварија и четвртата победа на почетокот од сезоната што е најдобар учинок во историјата на франшизата. Синоќа беа подобри од Далас 91:102 а блескаше Кајл Лоури со 27 поени, 5 скокови и 10 асистенции. Ветеранот Луис Скола уфрли 19 поени и 12 скокови, а ДеРозан 20 поени.
 
Лос Анџелес Лејкерс го доживеа и четвртиот пораз. Овој пат Денвер беше подобар со 12:109 и ја оствари петтата победа по ред над Лејкерс. Најефикасен играч беше Кенет Фарид со 28 поени (10-13 од игра и 8/8 слободни) и 15 скокови. Италијанецот Галинари додаде 21 поен од кои дури 14 во второто полувреме. Кај Лејкерс Џордан Кларксон уфрли највисоки во кариерата 30 поени а Лу Вилијамс 24. Коби ддаде 11 поени и 5 асистенции.
 
Кларксон го одигра најдобриот меч откако е во НБА:
 
 
Поранешниот тренер  на Антиќ во Атланта, Мајк Баденхолцер зборуваше сам со себе на тајм-аут:
 
Забивањето на вечерта на Џулуис Рендл:
 
Топ 10 потези на вечерта во НБА: