Александар Драговиќ со автогол му донесе водство на Челси, а истиот фудбалер во 78 минута го замолчи Стемфорд Бриџ за 1:1. Со извонредниот погодок на Вилијан на 8 минути до крајот, Сините од Лондон конечно се израдуваа и останаа во игра за осминафинале во ЛШ. Во Премиер лига се 15-ти на табела.