Нераѕурите воделе 4:1 со двата гола на Адриано, Станковиќ и Рекоба, а на 5 минути до крајот 60 годишниот Руди им кажал на пријателите дека ќе оди во веце. Но откако мечот завршил, тој се изгубил во толпата.
Навивачот на Базел бил со 20 евра во џеб, без мобилен и не знаел како да ги исконтактира луѓето со кои допатувал од Швајцарија. Во Милано останал 11 години.
Швајцарската полиција го прогласила за исчезнат, а Руди останал да живее во населбата Баџо во Милано без покрив над глава и со помош од локалците.
„Навистина успеал да се врати дома? Не сум слушнал, јас мислев дека починал“, рекол библиотекарот Серџо Мацарели, кој како и многу други луѓе од тоа маало му помагале на Швајцарецот со германски акцент.
Помош добивал и од студенти кои му подариле дрес од Милан со името на Кака, кој почнал да го бодри во локалните барови. Го сметале за легенда во маалото, а за приказната дека се загубил на стадион не знаеле дали е точна.
„Тој никогаш не сакаше да зборува за себе. Сите го сакаат и луѓето му носеа храна и облека, а кога можеше и тој им помагаше на нив. Немаше ниту лекар, но и за тоа се погриживме“, вели студентот Рикардо Фоа.
По апелот од швајцарските власти, Руди го пронашле и го вратиле во родниот град Базел каде се вратил на 71 година. Живее во пензионерски дом и добива по 300 евра месечно.