Со синоќешниот црвен картон на Хернанес на гостувањето против Борусија Менхенгладбах, Старата дама стигна до 21-то исклучување во Лигата на шампионите откако ова натпреварување го носи овој назив од сезоната 1992/1993.
Втор во оваа непопуларна статистика влегуваат фудбалерите на Интер со 17 црвени картони. Судијата на нив им вади црвен картон на секој шести меч. На третата позиција е Арсенал кој со исклучувањето на Жиру против Динамо Загреб оваа сезона, има еден помалку од италијанскиот тим.
Според оваа статистика во која не се вклучени квалификациските средби, најчисто играат фудбалерите на Баерн Минхен кои во просек добиваат црвен картон на еден во 13 натпревари на досегашните 205 одиграни меча во ЛШ.
Рекорди пет црвени картони во една сезона има добиено Јувентус и тоа во два наврати (2000/2001 и 2005/2006). Потоа со по четири следуваат: Олимпик Марсеј (1999/2000), Спартак Москва (1999/2000), Галатасарај (2000/2001), Рома (2004/2005) и Интер (2007/2008).
Судиите покажувале по три црвени картони во 90 минути на само четири меча во изминативе 23 години во Лигата на шампионите. Тоа се: Феенорд – Марсеј (1999), Монако – ПСВ (2003), Бордо – Олимпијакос и Ајакс – Оксер од 2010-та.
Најбрзиот фудбалер кој направил прекршок за исклучување е Украинецот Олександр Кучер од Шахтјор кој играше само 3 минути и 59 секунди на ланскиот дуел против Баерн, кој заврши 7:0 за Германците.
Валериен Исмаел од Вердер минатата сезона издржа малку повеќе и на гостувањето против Интер, го пратија под туш по 5 минути и 52 секунди. Трет е Белами кој доби црвен на дуелот Њукасл – Интер 1:4 одигран во 2002-ра во 5 минути и 59 секунди.