Објавени кандидатите за наградата Пушкаш

ФИФА го скрати изборот за најубав гол на годината од илјадници голови на десет. Во најтесниот избор на кандидати влегоа голови постигнати од 27. септември 2014 до 23 септември 2015 година. На 30. ноември ќе останат само три најмногу гласани голови кои ќе се борат за наградата Ференц Пушкаш.

Гонзало Кастро, Реал Сосиедад - Депортиво де ла Коруња,  12.04.2015

Дејвид Бол, Флитвуд Таун - Престон Норт Енд, 29.03.2015

Алесандро Флоренци, Рома - Барселона, 16.09.2015

Вендел Лира, Атлетико ГО - Гојанезија, 11.03.2015

Карли Лојд, САД - Јапонија, 05.07.2015

Лионел Меси, Барселона - Атлетик Билбао, 30.05.2015,

Филип Мексес, Милан - Интер (пријателска во Кина), 25.07.2015

Марсел Нџенг, Падерборн - Болтон Вондерерс,13.07.2015

 Естебан Рамирез, Ередиано - Депортиво Саприса (Костарика), 02.11.2014

Карлос Тевез, Јувентус - Парма (Серија А), 09.11.2014

За гласање овде.