Харизмата на Буфон и германското невнимание

Во вторникот после мечот Менхенгладбах - Јувентус, Џиџи Буфон отишол под трибината кај навивачите на германскиот клуб, им ги подарил ракавиците, но за возврат не добил ништо по што сега се води полемика во Германија.

Со години ги спречува противниците да даваат голови, но сега првпат се случи и Џиџи Буфон да наиде на затворена врата.
 
Тоа се случи во вторникот вечер, по натпреварот од Лигата на шампионите кој Јувентус го играше против Борусија Менхенгладбах, клубот за кој Џиџи имал симпатии уште како мал затоа што не можел правилно да го изговори.
„Отсекогаш ме интригираа како екипа затоа што не можев правилно да ги изговорам. Сега ги изговорам подобро, но се плашам дека сè уште не идеално“, одговори во шега капитенот на Бјанконерите.
Од таа причина, како симпатизер на Менхенгладбах, вторникот требаше да биде посебен момент за Џиџи. За првпат во 20-годишната богата кариера гостуваше во Менхенгладбах. 

Најпрвин со неколку бравурозни одбрани му донесе драгоцен бод на својот тим, а после мечот тргна под трибината со домашните навивачи и на водачите им ги подари ракавиците. Наместо да ја испочитуваат легендата, навивачите на Менхенгладбах за возврат не му дадоа ниту еден реквизит (шал, маица, дрес) и се посрамотија.
 
По натпреварот, на германските навивачки форуми се развила дебата за случката. Никому не му се допаднало тоа што Буфон останал со празни раце. На крајот се огласија и навивачите на Гладбах кои после средбата му се извиниле на легендарниот италијански голман.
„Никој од нас не знаел дека Буфон има симпатии за нас. Од друга страна, навивачите беа разочарани од крајниот резултат и можеби затоа така изреагирале по ремито“.
Страшните одбрани на Буфон во вторникот: