Во Ватфорд настапуваат играчи од 18 различни земји, а тоа е рекорд во Премиер лигата. Најдобро меѓу нив му оди на единствениот Нигериец Одион Игало кој е прв стрелец во тимот со 7 гола.
Овој англиски клуб има само двајца Англичани, тоа се Бен Ватсон и Трои Дени, додека единствениот Шкотланѓанец е Ања Икечи. Холандија ја претставува Натан Аке кој игра како позајмен играч од Челси, како и Стивен Бергуис.
Од позвучните имиња се Швајцарецот Валон Бехрами, кој играше во Лацио, Наполи, Фиорентина, како и Алесандро Дијаманти кој дојде од Серија А. Шампионот Челси има играчи од 10 различни земји меѓу кои најмногу Шпанци и Бразилци, а Норич има најмалку фудбалери од различни земји.
Вкупно во Премиер лигата настапуваат играчи од 53 различни земји од светот.
Најмлад состав има Тотенхем каде играчите имаат во просек по 24 години и 293 дена. Маурицио Покетино кога во септември го совлада Манчестер Сити со 4:1, истрча со најмладите 11 кои во просек имаа по 24 години и 40 дена. Најмногу старци има ВБА каде во клубот во просек фудбалерите имаат по 29 години и 61 ден.
Најстариот играч кој сезоната се појавил во Премиер лигата е Келвин Давид кој со 39 години и 17 дена играше за Саутемптон на дуелот со Лестер на 17 октомври. Најмлад кој доби шанса е Рис Оксфорд од Вест Хем кој во првото коло против Арсенал настапи со 16 години и 236 дена.