Таг: ватфорд

За ваков кикс во маало ластици се јадеа

Арсенал синоќа освои многу важни 3 бода во битката за ЛШ и сега е четврт со ист број бодови, но подобра гол разлика од Челси. Победата ја остварија благодарение на несмасниот голман на Ватфорд. Ај бе бегај ја ќе бранам, знаеше да му рече шпицот на голманот за вакви грешки на игралиште во маало.

Си знае малиот како

Тотенхем синоќа беше на 10 минути од пораз на домашен терен против Ватфорд, но Сон Хеунг Мин и Фернандо Љоренте го свртеа мечот во 80-та и 87-ма минута. За колку толку да се намали опасноста во судиското продолжение добија од помош од детето кое собира топки. Што мангуп ќе беше, успеа и жолт картон да изнуди, па уште намигнува на крај, демек ги заебал.

Секој би посакал вакво гостување на 8 години

Џек има 8 години, навива за Ватфорд и за прв пат во својот живот се наоѓа на гостински меч на својот омилен клуб. Голманот на Ватфорд, Бен Фостер со еден фантастичен гест му го направи гостувањето незаборавно. Заврши мечот и со прст покажа накај него. Ракавиците заслужено одат кај Џек. Се поздравија и со видео пораки. Ете што ти прави фудбалот.

Радоста кога ќе добиеш дрес лично од идолот

Одиш во школо и другар ти се фали дека му купиле оригинал дрес, а ти му викаш дојди да видиш што имам урамено дома од мечот Ватфорд - Арсенал. Овде не знаш кој е посреќен, дали таткото или синот. Во земји каде фудбалот се смета за религија ова е нормална релација на навивач, кој лабаво не оди кај слава кај дедо му, ако тогаш му игра омилениот тим.

Ватфорд има мултинационален тим, а Тотенхем најмлад

Рекордерот во Премиер лигата со играчи од различни земји во својот состав има фудбалери од Алжир, Австрија, Бразил, Камерун, Колумбија, Еквадор, Англија, Франција, Грција, Холандија, Италија, Мексико, Нигерија, Северна Ирска, Шкотска, Шпанија, Швајцарија и Уругвај.

За кобниот пожар во Брадфорд виновен бил претседателот

На 11 мај 1985 година во катастрофален пожар за време на дуелот Брадфорд - Линколн загинаа 56 навивачи, а 254 беа повредени. Истрагата утврдила случаен пожар, но сега излегоа нови детали за трагедијата.

Хари Кејн каков што не го знаеме

По неколку сезони на позајмица, Кејн конечно ја потврди својата класа во елитното друштво. Со 24 голови, младинскиот репрезентативец на Англија е најдобриот стрелец на Тотенхем и вистинско откритие во Премиер лигата.

Расел Кроу е спасителот на Лидс Јунајтед

Оскаровецот ги праша своите следбеници на Твитер дали би била добра идеја да го купи членот на Чемпионшип дивизијата, за кого навива од младоста. Клубот неколку сезони се соочува со проблеми во управувачкиот сектор, а навивачите со широки раце би го пречекале Кроу.