1. Хари Кејн стана миленик на Вајт Харт Лејн во само неколку месеци. 21-годишниот напаѓач игра одлична сезона и даде 24 голови на 37 настапи. Го одбраа за најдобар играч во ПЛ за јануари. Сепак, малкумина знаат дека Кејн заиграл фудбал на 8 години во академијата на Арсенал. Два месеци подоцна играл и за Ватфорд, а на 11 години преминал во Тотенхем.
2. Минатата година, Кејн го постигна својот прв гол во сениорскиот дрес на Спарс против Хал Сити во Лига купот. На 7. април 2014-та дебитираше за Тотнем во победата од 5-1 против Сандерленд. Денес во март има 14 голови на 22 настапи во ПЛ сезонава.
3. Од 2011-та до 2013-та, Кејн играше на позајмица во Лејтон Ориент, Милвол, Норвич Сити и Лестер Сити. Во јануари 2011-та, Кејн за првпат заигра во сениорска категорија, кога влезе во Лејтон Ориент како замена за Скот Мекглиш. Следната недела го постигна првиот сениорски гол во триумфот на Ориент 4-0 против Шефилд Венздеј. Кога сè тргна како што требаше, Кејн ја скрши метатарзалната коска на вториот настап за Норвич во 2012. година. Се опоравуваше во Тотенхем четири месеци.
4. Тренерот на Вест Хем, Сем Алардајс е единствениот човек што го критикуваше Кејн, иако центарфорот игра одлична сезона. Алардајс изјави дека Кејн не е ѕвезда, а тоа ќе стане тогаш кога ќе изигра две добри сезони по ред.
5. Хари Кејн го привлече вниманието кон себе во 2008-2009, кога играше за У-16 на Тотенхем. Даде три гола на турнирот Копа Чивас во Мексико и на трофејот Белинцона во Швајцарија. За У-18 Кејн на 22 натпревари постигна импресивни 18 голови. Тогашниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап се заинтересира за малиот Кејн.
6. Пред неколку недели, се појавија фотографии на кои се гледа Кејн во дресот на Арсенал кога имал 8 години. „Навивам за Тотенхем уште од мал. Сакав да играм за нив, но тогаш немав шанса да тренирам со Спарс. Во Арсенал бев една година, но тогаш бев само дете“, изјави Кејн како одговор на критиките дека го сакал најомразениот клуб меѓу навивачите на Тотнем.
7. Кејн изгради пријателски однос со поранешната ѕвезда на англискиот фудбал и негов идол, Теди Шерингем. „Не бев тип што лепи постери во собата, но сакав собирам сликички. Теди Шерингем беше мојот херој. Пред некоја година го запознав, по што почнавме да се дружиме, игравме голф и тој ми даде некои добри совети. Како и мене, Теди живеел во близина на Вајт Харт Лејн, навивал за Тотенхем, а играл и за Милвол на позајмица па зборувавме за тоа“, изјави Кејн за Шерингам.
8. Мајка му била најзаслужна што Кејн почнал да верува во својот талент. „Спортски гени имам од страната на мајка ми. Татко ми не би се сложил со тоа, но мислам дека дедо ми Ерик од страна на мајка ми бил одличен фудбалер.
9. Роден во Валтхамстоу, Лондон, Кејн израснал во населбата Чингфорд со мајка му Ким, татко му Пет и постариот брат Чарли. Одел во истото школо каде учел и Дејвид Бекам. Живеел на само 15 минути од Вајт Харт Лејн и често одел на стадионот. На 11 години, на маалското игралиште им се појавил Џермејн Дефо, омилениот лик во крајот. „Трчавме да му земеме автограм“, вели Кејн.
10. Од 2010. година Кејн играше за репрезентацијата на Англија до 17, до 19 и до 20 и до 21 година. Шпицот покажа дека е верен на неговата родна земја, иако има право да игра и за Република Ирска, од каде потекнува татко му. Во август лани, Кејн изјави дека одбрал да игра за Англија, а селекторот Рој Хоџсон отворено кажа дека го планира Кејн за следниот собир.