Во периодот од 1985 година до сега во Милан заиграа имиња кои чистеа сè во одбрана и не им даваа многу простор за дриблање, ниту на најдобрите напаѓачи. Од Барези-Костакурта, преку Неста-Малдини, па се до Неста-Тијаго Силва.
Во Јувентус во 80-те страв и трепет за напаѓачите беа Гајтано Ширеа и Серџо Брио, потоа во срцето на шеснаесетникот жестоко се бореа Монтеро и Ферара, а закон во одбрана со кои Јуве освојуваше титули беа и Канаваро и Турам.
Најважната историја на Сампдорија се испишуваше со Пјетро Верховод и Лука Пелегрини кои го освоија Скудетото и стигнаа до финале во ЛШ. До тројната круна со Мурињо, Интер стигна со цврстите Самуел и Лусио, Лацио со носталија се сеќава на Неста и Михајловиќ, а по нив титулата остана во Рим, но кај екипата на Рома која ги имаше Самуел и Алдаир.
Најдобрите 10 дефанзивни двојки според сајтот Калчомеркато во последните 30 години во Серија А:
1. Барези – Костакурта (Милан)
2. Неста – Малдини (Милан)
3. Ширеа - Брио (Јувентус)
4. Канаваро – Турам (Парма/Јувентус)
5. Неста – Тијаго Силва (Милан)
6. Лусио – Самуел (Интер)
7. Неста – Михајловиќ (Лацио)
8. Ферара – Монтеро (Јувентус)
9. Алдаир – Самуел (Рома)
10. Верховод – Пелегрини (Сампдорија)
Неста vs Меси
Лизгачкиот старт на Малдини
Интервенциите на Лусио