Offside

Миленко ја утна ептен што објави видео на кое шампионите на Македонија пејат вулгарно против една од најславните македонски пејачки. Но, што правиме сега со свирењето на македонската химна во финале на македонски Куп? Ќе се правиме на будали?

Неверојатен гол точно од пола терен

Јури Месијас од екипата на Валета е стрелец на гол-кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“ на крајот од оваа сезона. Тој против Гзира Јунајтед постигнал страшно голчиште од средина на игралиштето.

Судија во глава те љубам

На дуелот меѓу екипите на Национална Банка и Ал Мокавлун во египетската Премиер лига, во 77' минута домаќинот израмнил но судијата чекал три минути да види ВАР и да се консултира со ВАР собата дали имало офсајд. Откако досудил дека голот е чист фудбалерот Уфа го бакнал во главата. На крај Национална Банка славела 2-1.

На трофејот во Бундеслига нема место за новиот шампион, чаре?

На 5 кола до крајот на германскиот шампионат, Баерн има +12 пред Дортмунд, што значи дека му преостанува уште математички да ја осигура титулата. Каде ќе се изгравира нивното име кога просторот на трофејот е полн со прваци?

Маркињос јуначиште

ПСЖ релативно лесно се справи со Ливерпул и го елиминираше со две победи од по 2:0. Реваншот можеше да биде многу поинтересен и да влезе во неизвесност. Ван Дајк в раце го имаше водството од 1:0 во првиот дел. Маркињос спаси чист гол и збесна од радост.

И Баварците се потурчија

Навивачите на Баерн Минхен ноќеска цела ноќ пукале огномети пред хотелот каде престојува Реал Мадрид пред реваншот од 1/4 финале на Лига на шампиони каде Баерн ќе брани гостинска победа од 1-2. Мбапе, Винисиус и другарите биле будени со силни детонации на пиротехника. Оваа пракса е вообичаена кај турските навивачи.

Лукавство на вечерта во НБА

Најдобриот кошаркар на Шарлот Хорнетс Ламело Бол на почетокот на натпреварот со Мајами Хит за пласман во доигрувањето во НБА, намерно го фаулираше лидерот на Хит Бам Адебајо кој се спружи на земја колку што е висок, се повреди и веќе не се врати до крајот во игра.

А видовте ли како беше пречекан Атлетико уште пред четвртфиналето?

Атлетико Мадрид се избори за голем резултат во Лига на шампиони. Оди во полуфинале, прво после 2017-та и тоа преку силната Барса која е речиси шампион на Шпанија. Навивачите ги мотивираа своите јунаци со шоу за сите пари.

Потези на вечерта во НБА во режија на Дени Авдија

Портланд Трејл Блејзерс со 114-110 го совлада Феникс Санс во дуелот за пласман во доигрувањето во НБА. Дени Авдија блесна со животна партија - 41 поен, 12 асистенции и 7 скока за 38 минути на паркетот во Феникс. Синот на некогашниот кошаркар на Црвена звезда и југословенската кошаркарска репрезенција Зуфер Авдија беше јунак на вечерта.

Златната шанса на Араухо во 97-ма минута

Барселона има зошто да ја жали пропуштената шанса за полуфинале во ЛШ. Имаше 0:2 до 24 минута, 71% посед на топка и 15 шутеви од кои 8 во рамки на гол. Араухо во 97-ма минута промаши чиста шанса за продолженија.

Големи зборови од легендата Анри за Гризман

Барселона го совлада Атлетико Мадрид 1-2 на гости но не успеа да го надомести поразот од 0-2 на домашен терен во четвртфинале на Лига на шампиони. Тимот на Диего Симеоне оди понатаму. Синоќа после мечот еден од најрадосните беше Антоан Гризман кој по крајот на сезонава го напушта Атлетико Мадрид и ќе се сели да игра во Орландо во МЛС лигата во САД.

Дефанзивец од Хондурас да ви покаже како се дрибла еден на два

Анди Наџар се вика царот на денот, кој има 33 години и игра на позиција десен бек во селекцијата на Хондурас и клубот Нешвил од МЛС. Пазете му ја транзицијава. Офкаа коментаторите. Штета за финишот.

Маалскиот муабет кој Јамал никогаш нема да го разбере

Сите ние кои игравме фудбал во маало во 90-те го знаеме многу добро муабетот, па дури и сериозно си го сфаќавте, а тој гласи вака: Не седи на топката, јајце ќе стане :).

Фото на вечерта во ЛШ

Фудбалерите на Атлетико и Барселона водеа војна на Метрополитано за пласман во полуфинале. Гави по еден воздушен дуел со лакт му го раскрвари лицето на Руџери, но многу поопасен изгледаше ударот на голманот Мусо кој со крампони му влезе во фаца на Фермин Лопез. Им се отвори многу работа на лекарите.

Барселона победи во Мадрид, но се простува од ЛШ

Фудбалерите на Барселона ја загубија драматичната војна на Метрополитано со недоволен триумф за полуфинале. Со головите на Јамал и Торес имаа одличен резултат во 24 минута кои ги носеше во продолжениja. Лукман во 31-ва минута ги постави конечните 1:2. Барса доби црвен и се соочи со поништен гол со ВАР за 1:3. Другиот меч мина без возбуда. ПСЖ победи со идентичен резултат како во Париз.

Зошто Симеоне го викаат Ел Чоло?

Се навикнавме на Диего Симеоне. Се навикнавме на прекарот Ел Чоло, но малку кој го знае почетокот на овој надимак кога го завикале така. Речиси многу денешни фудбалери не биле ни родени тогаш.

Чичко Петре - душата на ФК Беласица

Најверниот навивач на Беласица, Петре Анџиев беше човек кој немаше пропуштено домашен натпревар на својата најголема љубов Беласица со децении. Тој беше симбол, институција и жив доказ дека верноста нема цена. Да се подигне спомен-обележје.

Како Мамиќ „го спакувал“ Рики од Спортинг во рок од 24 часа

Стефан Ристовски мина одлични 2,5 сезони во Спортинг. Освои Куп и два Лига Купови, а дебитираше и во ЛШ. Но на крај кога ја загуби минутажата, бил приморан да бара друга средина. Пред тргнување за Грција, најголемата манга во хрватскиот фудбал му ги сменил плановите со само еден телефонски повик.

Гари Линекер: „Тренинзите на Артета се смешни, не мора да ги снимаат“

Нештата во фудбалот се менуваат со толку голема брзина што до пред само неколку недели Арсенал веќе размислуваше како ќе го лади шампионското шампањско, а сега Манчестер Сити им дојде на -6 бода но со натпревар помалку за тимот на Пеп Гвардиола. Линекер смета дека Артета не умее да се носи со големиот притисок за да освои титула на крајот.

Парола против Лотито на македонски

Навивачите на Лацио не застануваат со кампања против Клаудио Лотито. Ги бојкотираат натпреварите веќе неколку кола, а на социјалните мрежи се обидуваат нивниот глас да се чуе на различни начини. Едно дете смислило поинаков механизам, а тоа е пораката да се чуе на сите јазици. На ред дојде македонскиот или како што вели оној на Горан Пандев.

Дома си е дома ќе речат колумбиските ветерани

После 16 кола од новата сезона во фудбалската лига на Колумбија, екипата на Жуниор за која играат легендарните ветерани Карлос Бака и Луис Муриел е на 3. место со 28 бода. Изминатиов викенд во саботата победиле 0-3 против Рионегро Агулиас а Бака и Муриел дале по еден гол. Двајцата заедно имаат вкупно 73 години.

Скала не е само за качување

Едноставна а крајно симпатична фора смислиле на стадионот на австрискиот ВАГ Тирол пред еден натпревар со Алтах. Скала не е само за качување. Секакви генијалци има по стадионите.

Чудниот црвен картон за Лисандро Мартинез од Манчестер Јунајтед

Лидс Јунајтед го совлада Манчестер Јунајтед првпат после далечната 1981-ва на „Олд Трафорд“ (долго време едните беа и во втора лига па не се среќаваа така често). Лидс славеше 1-2 со два гола на Ноа Окафор а гостите од 56' минута играа со играч повеќе по крајно глупавиот црвен картон на мексиканскиот стопер Лисандро Мартинез. Го повлече Калверт-Луин за репче.

Лејкерс без двајца најважни играчи ќе го започне доигрувањето

Доигрувањето за титулата на ЛА Лејкерс речиси сигурно ќе почне без двајца клучни играчи: Лука Дончиќ и Остин Ривс. Најголемо прашање кај „езерџиите“ сега е кога Лука ќе се врати на терен.

Малоумник на сезоната

Во Турција има многу откачени фудбалски сцени. Ама ова што се случи во аматерска конкуренција, нема врска со фудбал. Прво го клоцна меѓу нозе, а потоа во глава, на што судија се исплаши и веднаш повика докторски тим. Идиот.