Во дербито на колото во бразилската Серија А, Сантос и Фламенго одиграа 2-2. Главни актери на дербито беа репрезентативните другари Лукас Пакет и Нејмар. Гостите водеа 0-2 со голови во само две минути на Данило (43') и Пакета (45+4'). Нејмар во самиот финиш со два гола од пенал во 82' и 88' израмни на 2-2. Во еден момент и се закачнаа откако Нејмар го дриблаше некогашниот фудбалер на Милан и Вест Хем.