По поразите од Швајцарија (0-3, 3-0), Словенија (2-0) и Шкотска (0-2), селекцијата на Македонија бележи пад на светската ранг листа на ФИФА. Пред овој прозорец Македонија влезе со 1.365,98 поени на ФИФА ранкингот, но со четирите порази црвено-жолтите загубија нешто повеќе од 15.
На врвот нема измени, па светскиот, европски и олимписки шампион Шпанија останува лидер пред вицешампионот од последното Светско 2026 Аргентина и Франција, додека бронзениот медалист од Мундијалот Англија е четврта. Португалија е нова во топ 5, а зад неа се: Бразил, Мароко, Белгија, Холандија и Мексико.
Од нашите ривали во Лигата на нации, Швајцарија со сјајните настапи заслужено се искачи две места погоре и сега е на 12. позиција, додека Шкотска паѓа за едно место и ќе биде 43. Словенците кои блеснаа во Глазгов и со пресврт ја победија Шкотска и кои ни се најблизу, ќе имаат најголем скок од четири места до 52. позиција.