Роналдо му оддаде почит на Меси: Твојата приказна ќе живее засекогаш
Двајцата најдобри фудбалери на светот во овој век, Кристијано Роналдо и Лионел Меси изминативе денови имаа дијаметрално спротивни траектории на своите фудбалски патишта. Меси се прости од репрезентацијата и го испратија како вистински цар на земјата. Роналдо по бурното заминување од репрезентацијата, му прати порака на некогашниот голем ривал.
На последната објава на Инстаграм на Лионел Меси, Кристијано Роналдо напишал коментар: „Лео, толку многу години ја бранеше својата земја и испиша историја која ќе трае засекогаш. Сета моја почит за тоа што го постигна со Аргентина. Прегратка“.