Зошто Аргентина игра со слаби противници и Меси го испрати со Бенин?

Лионел Меси се збогуваше со репрезентацијата на Аргентина во натпревар со не баш ѕвезден противник, туку со скромниот Бенин кој е на 93. место на светската ФИФА ранг листа.

Ова е кулминација на долгиот пат на претворање на репрезентацијата во комерцијален проект - процес кој аргентинската фудбалска асоцијација (AFA) го започна пред многу години и го доведе до врвот со триумф на Светското првенство 2022.

Како пријателските натпревари на Аргентина се претворија во комерцијално шоу во спектакл со тужби и скандали и бојкоти?

ПОСЛЕ СВЕТСКОТО 2018 РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА АРГЕНТИНА БИЛА МАШИНА ЗА ЗАГУБА НА ПАРИ НО СÈ СЕ СМЕНИЛО

„Сетете се на 2018-та, стар тренер, непознати фудбалери и Меси кој зема пауза од репрезентацијата“, рекол во интервју за El Cronista Гиљермо Тофони, генерален директор на компанијата World Eleven која многу години организирала пријателски натпревари за Аргентина.

„После Светското првенство во Русија тоа беше машина за загуба на пари: репрезентацијата не заработуваше повеќе од 900.000 долари за натпревар“.

За Тофони првпат се слушнало во 2006-та кога заедно со руската компанија Ренова склучил „Зделка на векот“: договор за организација за пријателски натпревари на Аргентина.

Ренова тогаш за 18 милиони долари купила права на 24 натпревари на репрезентациајта на Аргентина до 2011-та година: Маршрутата била максимално комерцијализирана: Аргентина одеше во Доха, Каир, Осака, Мелбурн, Минск и други.

Весникот La Nación пишуваше дека Аргентинската фудбалска асоцијација (AFA) заработува по 750.000 долари по натпревар па прифаќале да играат дури и на Нов Зеланд за таа сума.

Токму Тофони бил архитект на тој договор а неговата компанија го организирала пријателскиот меч Нов Зеланд - Аргентина преку логистика и се останато. По излегувањето на Ренова од зделката во 2009-та, фирмата World Eleven сама продолжила да организира пријателски средби.

Во 2015-та AFA ги предала правата на Torneos, компанија која добивала 15% по комисија, половина од што (7,5%) добивала фирмата World Eleven како партнер.

Во 2016-та во Аргентинската фудбалска федерација дошол американскиот промотер Хенри Карденас кој предложил 28 милиони долари за 20 пријателски натпревари, односно по 1,4 милиони долари по натпревар. La Nación тогаш пишувал дека тоа е „дупло повеќе“ од тоа што Федерацијата го добивала до тогаш. Но АФА ја одбила идејата на Карденас и останала со фирмата Torneos.

Ова значи дека сегашниот систем на пријателски на Аргентина не е од нигде-никаде. Аргентина уште пред многу години ги продавала пријателските средби во пакети и ги третирала како комерцијален производ.

Понекогаш комерцијалниот интерес очигледно има предност пред спортските. На пример непосредно пред Светското првенство 2018-та година, Аргентина договори генералка и тоа против Израел. Тогаш весникот La Nación заклучи: „На АФА ѝ е важно само да заработи пари“.

Репрезентацијата требала да добие 2,2 милиони долари од Израелците: загарантиран хонорар од 1,7 милиони долари плус дополнителни 500.000 долари за покривање на организациските трошоци. Но натпреварот на крај беше откажан со ш то се нарушил дел од подготовките за Светско првенство.

Планот заглави уште повеќе по катастрофалниот настап на Светско првенство 2018. Тогаш интересот за Аргентина нагло опадна. Според Тофони финансиската состојба на репрезентацијата изгледала вака:

- за дуел со Мексико во Кордоба - минус 800.000 долари
- за дуел со Мексико во Мендоза - минус 900.000 долари
- за дуел со Венецуела во Мадрид - минус 800.000 долари
- Чиле - повеќе од 1 милион загуба
- Мароко - на нула
- Германија - единствен меч од кој заработиле
- Еквадор во Аликанде - одново 1 милион долари загуба

„Тогаш спортскиот аспект бил приоритетен: на репрезентацијата ѝ требало да игра и да собира минути“, ја објаснил Тофони потребата од натпреварите што носат загуба. „Тоа е инвестиција што направи репрезентацијата да биде посилна“.

Инвестицијата успеа. После три години Аргентина го освои Купот на Америка, а после една година и Светското првенство! Заедно со трофеите се смени и главното: репрезентацијата одново принесува огромни пари.

ПОБЕДАТА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022 НАПРАВИЛА БУМ!

Во март 2023-та Аргентина играше дома со Панама и Курасао. Овие натпревари биле смислени како шанса да се прослави големиот триумф на Мундијал 2022 со навивачите. Ја победија Панама 2:0 со гол на Меси и 7:0 Курасао со хет-трик на Лео.

А во летната пауза, последна пред стартот на Светско 2026 Аргентинската фудбалска федерација го достигнала врвот. Играа против Австралија во Пекинг, па на 19-ти јуни со Индонезија во Џакарта. „Заработивме повеќе од 6,5 милиони долари за тие две пријателски средби“, рекол високо позициониран чиновник во АФА.

Аргентина и пред Светското 2022 го испроба азискиот пазар. Во јуни 2022-ра година потпишале договор со Јили (Yili), најголемата кинеска компанија за млечни производи, па лансирала производи со ликовите од репрезентациајта на Аргентина.

„Тоа беше огромен успех“, рекол истиот извор од АФА за Infobae.

До моментот на летната азиска турнеја, АФА веќе имала дури седум кинески спонзори. Комерцијалниот директор на фудбалската федерација на Аргентина Леандро Петерсен објаснил: „Во 2019-та отпатувавме во Кина и се сретнавме со 50 раководители од кинески компании со меѓународно присуство. Ги споделивме нашите идеи со нив. Прв чекор беше изработка на кинеска верзија на нашата веб страница после што следеше создавање платформа за продажба на производи поврзани со репрезентацијата. Така започна нашата глобална експанзија“.

Уште едни важни интересни места за АФА станале и арапскиот свет и Индија.

„Од 2018-та спроведуваме стратегија за глобален развој, а азискиот пазар покажа најголем раст. Аргентинската репрезентација има најголема онлајн публика во Кина. Потенцијалот за раст во овој регион е огромен“, рекол истиот неименуван извор од АФА.

Според сајтот Infobae тогаш АФА заработувала од спонзори повеќе од 80 милиони долари годишно! После победата на Светско 2022 бројот комерцијални партнери рекордно се зголемил - имале дури 43 компании спонзори. Хонорарот за пријателски исто се изменил по светската титула - 3-4 милиони долари по натпревар за да играте против Аргентина.

Кога се работи за толку многу пари, скандалите се прашање на време. Така и биднало.

КАКО АФА ГО ИЗБРКАЛА ТОФОНИ ОД БИЗНИСОТ СО ПРИЈАТЕЛСКИ?

Веќе го запознавме менаџерот Гиљермо Тофони кој од 2006-та година организирал пријателски средби за Аргентина. Во мај 2021-ва АФА потпишала со него нов договор кој според верзијата на самиот Тофони, му давал на неговата компанија World Eleven ексклузивни права на организација на приајтелски натпревари до 2030-та година. Но АФА вели: таков договор не постои.

Во март 2023-та АФА престанала да работи со Тофони. Наместо World Eleven пријателски сега организира американската компанија ProSport Live LLC.

Менаџерот Тофони ги дал на суд АФА и нејзиниот претседател Клаудио Тапија и ги обвинил за перење пари и малверзации. „Јас не губам репутација и 30 години искуство во фудбалската историја поради преголемото его на претседателот на федерацијата“, им рекол Гиљермо на новинарите.

Интересно, фирмата ProSport Live била регистрирана на Флорида на 31 јануари 2022 година, односно таа компанија е практично без искуство во индустријата. Тофони ја нарекол непозната на пазарот и дури без сопствен сајт. Преку ProSportLive Аргентина играше приајтелски средби во март против Панама и Курасао.

„Тие ги продадоа правата по втор пат. На тоа немаа право“, додал менаџерот.

Во април 2023-та судијата по предметот, Хулиан Ерколини почнал да ја проверува фирмата ProSport Live и побарал од американските власти информации - докази за компанијата, нејзините сопственици, структура и дејност. Но веќе во септември делото против Тапиа било затворено. Во април 2024-та Касациониот суд во Аргентина ја потврдил таа одлука.

ЗОШТО АФА НАШЛА НОВА КОМПАНИЈА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРИЈАТЕЛСКИ?

Ако се верува на договорот кој Тофони го приложил на суд, World Eleven добивал 30% чиста заработка од секоја пријателска средба. Условно на пример мечот принесува 7 милиони долари - после сите расходи остануваат 5 милиони долари од кои 1,5 милиони му следат на World Eleven а 3,5 милиони за Аргентинската фудбалска федерација (АФА)

При уште поголем раст на заработките по светската титула 2022, приходите на World Eleven станале огромни.

Се поставува прашањето: зошто АФА веднаш нашла нов посредник (ProSport Live) ако штотуку се избавила од стариот?

Затоа што ProSportLive е само краток дел од приказната. Парите од меѓународниот бизнис во АФА доаѓале преку друга американска компанија - TourProdEnter LLC. Како што пишува Infobae, на 31 март 2023-та година Аргентинската фудбалска федерација (АФА) префрлила околу 2,3 милиони долари на сметка на TourProdEnter во американската Synovus Bank.

На крајот испаѓа дека што повеќе троши АФА на организација на настани, толку повеќе заработува TourProdEnter.

АРГЕНТИНА ОДАМНА НЕ ИГРА ПРИЈАТЕЛСКИ СО ТОП РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, НИТУ ЕДНА ОД ТОП 20

По светската златна титула од Катар 2022, Аргентина се почесто игра пријателски таму каде репрезентацијата може „да се продаде поскапо“ за пријателска.

2023: против Панама (во Буенос Аирес), против Курасао (во Сантијаго дел Естеро), против Австралија (во Пекинг), против Индонезија (во Џакарта).

2024: против Салвадор (во Филаделфија), против Костарика (во Лос Анџелес), против Еквадор (во Чикаго), против Гватемала (во Вашингтон).

2025: против Венецуела (во Мајами), против Порторико (во Мајами), против Ангола (во Луанда)

2026: против Мауританија (во Буенос Аирес), против Замбија (во Буенос Аирес), против Хондурас (во Колеџ Стејшн во САД), против Исланд (во Оберн САД), против Боливија (во Кордова), против Буркина Фасо (во Буенос Аирес), против Бенин (во Буенос Аирес).

Пред Светско 2026 Аргентина само еднаш играше против репрезентација од Европа - со Исланд на недела дена до стартот на Мундијалот. И воопшто не се сретнала со репрезентација од Топ20 на ФИФА ранг листата.

После триумфот на Мундијал 2022 најсилен противник на Аргентина и беше Австралија која во тој момент беше 29-та на ФИФА листата. Француски Л'Екип полуиронично напиша тогаш дека такви пријателски не само што им помагаат многу да заработуваат туку и да не губат многу позиција во рејтингот.

Федерацијата ги објаснува овие чудни избори со „стратегијата за глобален развој“. Уште од 2018-та година главен приоритет им е Азија. Во однос на африканските ривали официјалната реторика им звучи спротивно: да се шири историјата со континентот и да се развијат меѓународни односи.

Во ноември 2025-та година Аргентина отпатува дури до Луанда да игра пријателска против Ангола. Според податоци на шпански Ас, домаќинот платил 12 милиони долари за овој натпревар при што договорот подразбирал задолжителен настап на Лионел Меси.

Ова испровоцирало голем скандал внатре во Ангола. Активисти и НВО организации прашувале: од каде воопшто пари за таков настан ако се види економската ситуација во земјата? Глобо Еспорте пишувал дека целиот настан го поддржале владата и локални претприемачи за прослава на 50-годишнината од независноста на Ангола.

7 октомври 2026 - 11:32