Словенците ја свртеа со Шкотска и славеа 1-2 на гости
Во 4. коло од Лига на нации во групата во која е и Македонија, Словенија синоќа славеше 1-2 на „Хемпден Парк“ среде Глазгов и тоа после пресврт. Шкотланѓаните водеа 1-0 со голот на Рајан Кристи од 31' минута. Гостите во вториот дел направија целосен пресврт со погодоците на Аљоша Матко во 56' минута и Данијел Штурм во 71' минута. Со овие 3 бода Словенија е втора со 7 бода зад неприкосновената Швајцарија која има 4/4 и 12 бода. Македонија е последна на табела без бодови и со гол разлика -10 (0:10).