Offside

Миленко ја утна ептен што објави видео на кое шампионите на Македонија пејат вулгарно против една од најславните македонски пејачки. Но, што правиме сега со свирењето на македонската химна во финале на македонски Куп? Ќе се правиме на будали?

Унион Берлин постави женски тренер, за првпат во историјата на европскиот топ фудбал

Младата Марија-Луиза Ета стана прв женски тренер на машки фудбалски клуб во најдобрите европски лиги и ќе ја води екипата во Бундеслига најмалку до крајот на сезонава.

Невозможно глупав и несреќен автогол во Парагвај

Тргнавме вовед да пишуваме, за да ви објасниме што се случи, ама нема потреба. Ова сега, па пак за 200 години.

Опасен податок за Атлетико Мадрид во ЛШ

Барселона подобро нека не се занимава со статистиката на противникот пред вечерашниот реванш четвртфинален дуел од ЛШ, откако дома загуби 0:2. Замислете, Атлетико под водство на Симеоне, никогаш не загубил нокаут меч на домашен терен. Учинокот им е 11 победи и 6 нерешени, со гол разлика 26:5. Страшно. Последниот пораз им е во 1997-ма.

Дај ми ја да видиш дека е лесно да се погоди од 60 метри

Мајкл Фреј од Грасхоперс, напаѓач со големо искуство собрано и во Англија, Германија, Франција, Белгија и Турција, покажа пример како може гол од своја половина да изгледа лесна работа.

Јуначка игра на Доминик Калверт Луин на гол линија

Лидс стигна до голем триумф против Манчестер Јунајтед (1:2), прв на Олд Трафорд после 1981-ва година. Резултатот кој им е од голема полза во борбата за опстанок, додека за избраниците на Карик ова е компликување во борбата за ЛШ. Доминик Калверт Луин го спаси својот тим во финишот од средбата и тоа на два пати.

Рабона за гол на сезоната

Во Мароко, на средба меѓу лидерот на табелата МАС Фес и Видад, стопер на домашниот состав дал невозможен гол со рабона. Главен кандидат е за гол на 2026-та ако се гледаат реакциите.

Два нови гола на Миовски, Ренџерс во поход по титулата

Фудбалерите на Ренџерс направија голем пресврт откако губеа 2-1 кај Фалкирк на гости а на крај славеа со несекојдневен резултат 3-6. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој влезе на старт на вториот дел како резерва од клупата, постигна два гола, во 58-ма минута и во 89-та.

Имаме поинакви ножички од сите други на светот

Мохамед Шериф од Ал Ахли направи нешто, што можеби и не му успеало на никој друг во фудбалот. Ама битно е добар. Одма стана. Други би лежеле.

За цинизмот на Рафа следува картон

Милан клизна дома со Удинезе (0:3) и не само што ја загуби трката за Скудетото, туку загрозено му е и четвртото место кое води во ЛШ, бидејќи има само +3 од Јуве. Рафа Леао направи груб фаул и почна цинично да му аплаудира на судијата. Овој му врати со аплауз и жолт картон.

Новак ти е непосреден човек

Ѓоковиќ снимен на улица во Белград сам. Тој не носи обезбедување, туку желба за веселење. Плус и песната му ја погодија.

Емотивно до даска во Белградска арена за Дуле

Партизан и Гробари му оддадоа почит на легендарниот Душко Вујошевиќ пред мечот против Жаргирис во Евролигата. Колективна тага владееше во салата, а многу навивачи беа во солзи за најтрофејниот тренер на црно-белите, кој почина пред три дена на 67-годишна возраст.

Труден навивач на сезоната

Зs време на фудбалскиот натпревар помеѓу Истра 1961 и Хајдук во Пула, полицијата евидентирала неколку инциденти. Еден од нив се двои. 23-годишен навивач се обидел да внесе 17 пиротехнички средства скриени на најчудното можно место на светот.

Автогол на Порто во Лига Европа од преку 40 метри

Порто и Нотингем Форест ремизираа 1:1 во првата четвртфинална пресметка од Лига Европа. Головите паднаа во 11 и 13 минута. И двата ги постигнаа домаќините. 20 годишниот Мартим Фернандес ја оплеска од скоро пола терен.

Димитријевиќ му се одмазди на тимот кој не веруваше во него

Само неколку дена по дабл-дабл учинокот против Болоња, Нено ја суреди и Олимпија Милано на Еторе Месина, каде имаше куса епизода со мала минутажа.

Достоен пречек за победата на Охрид во Битола

Навивачите на Охрид „ја запалија“ салата Билјанини извори и со песна ги пречекаа ракометарите кои стигнаа до голема победа против Еурофарм Пелистер на гости. Охриѓани сега се израмнија со битолчани и имаат по 42 бода, 8 помалку од лидерот Вардар. Алкалоид е четврти со 40.

Админот на Баерн инвентивен со Нено

На Димитријевиќ му оди добро во Баерн Минхен под водство на Пешиќ. Од дабл-дабл учинокот против Виртус Болоња на гости, освен прекрасните асистенции, на Инстаграм објавија и интересна фотографија од Нено, во склад на противникот кој доаѓа од земјата на пицата. Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со 11 поени, 10 скока и 3 асистенции.

Емотивен поздрав на Богдан Богдановиќ со Душко Вујошевиќ

Триесет и три годишниот НБА кошаркар на Лос Анџелес Клиперс и капитен на репрезентацијата на Србија во 2010-та за првпат заигра за првиот тим на неговиот Партизан. На тренинг го пречека тој, големиот, незгодниот и секогаш суров, легендарен Душко Вујошевиќ. Од Богдан Богдановиќ направи играч кој освои Евролига (2017 со Фенербахче) и 20 други трофеи.

Романија се простува со фудбалскиот татко Мирчеа Луческу

Од Георге Хаџи преку Попеску, Мариуш Лакатуш, Даниел Станчиу и многу други легендарни фудбалери и функционери од Романија вчера и денес се простуваат од нивниот фудбалски татко Мирчеа Луческу. Легендарниот романски тренер почина на 80-годишна возраст само неколку дена откако ја водеше Романија во баражот за Светско првенство против Турција во Истанбул.

Абе какви носилки, дојди кај чичо

За време на дуелот меѓу Кјапаз и Габала (0-2) во 27. коло од фудбалското првенство на Азербејџан, лекарот на домашниот тренер знаел како да се справи со повредениот Рахман Гаджиев во 80' минута.

Игра во НБА, а кашкавал е во рацете

Деандре Ајтон не игра од вчера кошарка. Во НБА е од 2018-та, прво во дресот на Феникс, па Портланд и сега Лејкерси. Ај еднаш или два пати, ама цела компилација му направиле со проблемот кој го има. Очигледно треба да вежба додавање.

Диего Симеоне со големи почести зборуваше за Гризман

На прес-конференција после натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид кој гостите го добија убедливо 0-2 во четвртфинале на Лига на шампиони, Диего Симеоне имаше посебно обраќање до својот сакан играч Антоан Гризман. Французинот по крајот на оваа сезона си оди од Атлетико каде стана права клупска легенда со најголем број постигнати голови во историјата на клубот.

Или е ВИ или се стварно кретени, трето нема

Меѓу шпанските навивачи во последно време завладеал еден многу лош тренд, да скандираат: „Кој не скока, муслиман е, оле!“ („Musulman el que no bote eh, eh!“). Во Лига на шампиони пред натпреварот на Реал Мадрид со Баерн Минхен, домашните навивачи го скандирале ова, а сега и навивачите на Атлетико Мадрид пред гостинскиот дуел со Барселона во Лига на шампиони.

Италијанциве и во кошарка се малери

Пусти тој, од Италија до САД патувал за да го гледа Виктор Вембанјама, а тој повреден. За Светското го прашаа ли дали планира да оди?