Од Азиски Игри до Азиски Игри фудбалерите на Јужна Кореја буквално „гребат со нокти“ да стигнат до пехарот со што би се избавиле од напорното служење војска, особено додека им траат нивните професионални фудбалски кариери (од што не се изземени).
Така сега стигнаа до големото финале на Азиски Игри и го совладаа домаќинот Јапонија со 1-0. Стрелец на голот беше фудбалерот на Свонси Еон Ји-сунг. Но славјето им преседнало на фудбалерите затоа што во нивната земја имало бурни реакции по финалето.
Причина биле изјавите на фудбалерите во врска со војската.
После натпреварот пример Јанг Мин Хиок, играч на Тотенхем позајмен во белгиски Вестерло рекол: „Мене трофејот воопшто не ми е важен! Правата награда е да не се оди во војска. Само тоа ми беше во глава додека играв“.
Оваа изјава предизвикала голема бура во Јужна Кореја а играчите биле критикувани зошто на тој начин ги навредиле сите оние кои мора да одат во војска.
Набрзо морале да се извинуваат.
„Им се извинувам на сите кои ја исполнуваат својата војничка должност. Морав внимателно да размислам пред да го изјавам ова. Верувам дека моите дела во иднина ќе бидат подобри од моите зборови. Се извинувам“, рекол Хиок.