Кристијано Роналдо со отворено писмо за сè што се случи

Кристијано Роналдо синоќа во пресрет на прошталната ноќ на Лионел Меси од репрезентацијата на Аргентина, објави отворено писмо до јавноста во кое до детаљи објаснува што се случило меѓу него и селекторот на Португалија Жорже Жезус поради што ја напушти репрезентацијата.

41-годишниот Роналдо кој бурно го напушти кампот на Португалија во Копенхаген пред натпреварот со Данска во Лига на Нации, на своите профили објави отворено писмо во кое вели:

„Ова е вистината за тоа што се случи со Жорж Жезус.

Како што ветив, одлучив да раскажам, во прво лице и директно за околностите кои кружеа околу последниот тренинг камп на репрезентацијаа.

По Светското првенство 2026 спремив писмо до португалскиот народ, што уште го чувам, со зборови кои сакав ним да им ги упатам кога ќе ја напуштам нашата репрезентација за добро.

На крајот од турнирот (Светско 2026), веќе на летот од САД, претседателот на фудбалската федерација ме праша и инсистираше да размислам пак за одлуката да ја напуштам репрезентациајта, зошто Португалската фудбалска федерација сака од мене да продолжам.

Веднаш после тоа тој ме праша за мое мислење за името на сегашниот селектор кое тој го разгледуваше со други имиња кои не ми ги откри.

Му кажав на претседателот на федерациајта дека, според мое мислење, ќе биде прав избор. Тоа е зошто дента актуелниот селектор беше претставен, јас бев пресреќен со изборот. Беше права опција како што и резултатите го потврдуваат.

Неколку дена подоцна го добив првиот контакт од новиот селектор на репрезентацијата кој ми рече дека би сакал да се видиме лично. Му реков да може и закажавме средба за крајот од мојот одмор.

Се сретнавме во Сидаде де Футебол каде мојот клуб (Ал Наср) ги одржуваше предсезонските подготовки во тренинг кампот.  Тој ден селекторот ми кажа дека смета на мене и дека моето присуство е фундаментално за неговиот проект. Ми претстави, таму баш, план за мое учество.

Ми кажа дека ќе го играм првиот и последниот натпревар (од четири во оваа фаза од Лига на Нации), и дека од причина за физички одмор тој секогаќ ќе прави три до четири измени по натпревар.

Во тој момент тој ја отвори можности за мене да патувам со репрезентацијата во Норвешка и Данска. Ми понуди да го играв првиот натпревар и да останам во Португалија, па да им се приклучам пред следниот дуел на Драгао.

Во старт го одбив тој предлог. Секако дека не можев да го прифатам тоа. Не беше зошто немаше да ги играм натпреварите во странство туку што ќе прекинам да бидам капитен на репрезентациајта. Таа привилегија да се остане во Португалија можеби не е добар пример.

Селекторот заврши и се согласи со моите анализи.

На оваа средба присуствуваше и Симао Кутињо, спортски директор на Ал Наср, лице кое е меѓу заслужните што сегашниот селектор (Жорж Жезус) потпиша со клубот (Ал Наср) во 2025.

Вечерта на стартот од кампот селекторот дојде во мојот дом во Лисабон, на негово барање, за уште една средба со мене. Разговорот беше пријатен и се држевме до сите принципи договорени во август.

Јас го одиграв натпреварот на Алваладе и иако бев заменет, не направив проблем од тоа. Му ја ставив лично капитенската лента на Бруно Фернандеш, далеку од тоа дека тоа може да бидат мои последни чекори како капитен и играч на репрезентацијата. Што ми значеше најмногу тој ден беше нашата победа. Да се победува секогаш е добро: во Португалија и за мојата земја уште подобро.

На ручек дента пред натпреварот во Норвешка, помошникот тренер дојде до масата каде што групата ручаше и ми кажа дека селекторот сака да зборува со мене.

На мое големо изненадување, селекторот ме праша дали сум спремен да одиграм 30 минути. Бев целосно фокусиран на мојот физички опоравок, вклопен со моите соиграчи како и секогаш, и со мисла дека дента нема да играм. Без никаков проблем.

Барањето беше нешто надвор од мојот физички опоравок и тренинг план - зошто сметав да ја играм 4-та на Драгао, но секако дека реков да. Тој ми одговори да се спремам зошто ќе играм 30 минути.

Остатокот го знаат сите. Се загревав од полувремето, гледав како поминуваат минути и не бев повикан.

Селекторот не го одржи зборот што ми го даде.

ИЗВИНУВАЊЕ ДО СОИГРАЧИТЕ

„Им должам извинување на моите репрезентативни колеги што го напуштив тренинг кампот. И покрај апсолутното кршење на зборот од селекторот, како некој што сведочел на нашите разговори може да раскаже, не требаше да го сторам тоа. Одговорноста е само моја.

Му се извинувам и на португалскиот народ исто, но прекршено ветување за мене има големо влијание. Почуствував дека од тој момент па натаму моето континуирано присуство само ќе и нанесе штета на групата, и го сторив тоа што секогаш сум го зборувал, би го сторил ако не се чувствувам корисен: ги спакував работите и заминав.

Последиците од моие акции треба да бидат разгледани и казнети од Португалската фудбалска федерација. Казната не смее да има олеснителени околности. Јас не сум кој било играч; јас сум капитен на тимот и тоа претставува отежнувачка околност.

Слушнав многу за проштални натпревари, дека заслужувам посебен проштален натпревар и дека Португалската фудбалска федерациај сака да ми даде шанса. Можам да им ветам на сите мои навивачи и посебно на португалскиот народ, дека ќе имам уште еден или неколку проштални натпревари. Ќе има време за тоа.

Но кога мислам за репрезентацијата, мислам само на натпреваруње. На тоа мислев и дента кога ми кажаа дека татко ми почина. Бев во кампот на репрезентациајта и одлучив да останам додека не заврши натпреварот следниот ден. Го сторив тоа за мојата земја што не би го сторил за ниту еден клуб.“

7 октомври 2026 - 08:59