Според најновото истражување на фудбалската опсерваторија „ЦИЕС“, Матеј Гаштаров е меѓу најдобрите играчи во Европа на својата позиција.
Извештајот е направен врз база на истражувања на играчи до 23 години, кои одиграле минимум 270 минути во текот на оваа сезона.
Според ЦИЕС, перформансот на Гаштаров во изминатиот дел од сезоната е Х1.58, што го става на високото трето место зад Џивал Зишел од Феенорд и Кодаи Сано од ПСВ Ајндховен, а пред Коби Маино од Манчестер Јунајтед.
Гаштаров со 19 години сезонава е стандарден првотимец во Црвена Ѕвезда кај шпанскиот стратег, Алберт Риера.
Со одличните клупски настапи, заработи голема доверба кај Гоце Седлоски кој го стави од првата минута на сите три меча во Лига на нации.
Одигра одлично, со многу самодоверба, смиреност и преглед на игра. Најавен во прв тим е и за вечерашното гостување против Швајцарија.
